32.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаКузмановски: Срам ми е да излезам на терен против Данска пред овие...

Кузмановски: Срам ми е да излезам на терен против Данска пред овие наши навивачи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Филип Кузмановски, средниот бек на македонската репрезентација по вечерашниот пораз од Црна Гора на Европското Првенство во ракомет, посочи дека му е срам да излезе на терен на последниот дуел во понеделник после настапот вечерва.

<

„Срам ми е да излезам на терен против Данска пред овие наши навивачи. Тие заслужуваат многу повеќе во однос на тоа што го покажавме. Навистина немам коментар, не знам што да кажам“, вели Кузмановски.

Според него, вината е исклучиво кај ракометарите, а Црна Гора денеска им покажала како треба да се борат.

„И вчера реков дека самите сме криви и дека треба да ги поправиме тие технички грешки, а денеска направивме уште повеќе грешки. Не знам кај е проблемот. Сите зборуваат за некоја нова Макеоднија, да смениме нешто, да не бидеме само пензионерска, да трчаме… Ама ние трчаме како без глава. Црна Гора ни покажа како се бори, ние не се боревме и заслужено нѐ победија“, додаде Кузмановски.

Сител Телевизија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...