17.6 C
Ohrid
среда, јуни 4, 2025
ПочетнаСветВучиќ: Ќе видите како ние ќе ги пречекаме атлетичарите од Австралија..

Вучиќ: Ќе видите како ние ќе ги пречекаме атлетичарите од Австралија..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја коментираше пресудата на австралискиот суд со која Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран од земјата и нема да ја брани титулата на Австралија опен.

<

– Пред малку разговарав со Новак, го охрабрив и му кажав дека едвај чекам да дојде во Србија и да се врати во својата земја и да биде таму каде што е секогаш добредојден. Го малтретираа 11 дена и по 11 дена му изрекоа пресуда која ја донеле првиот ден. Видовте во најбесмислениот судски процес колку лаже обвинителот. Едноставно лажат. Велат дека помалку од 50 отсто од има вакцинирани граѓани во Србија, а официјално се 58 отсто. Запомнете дека ова е повеќе отколку во многу земји на ЕУ. Тоа беше бесмислен аргумент, но тоа е можно во драмите на Орвел – рече Вучиќ.

Тој нагласи дека наскоро во Србија ќе дојдат спортисти од Австралија, кои ќе бидат подобро пречекани.

– Австралиските спортисти ќе ги пречекаме на многу подобар начин во март и нема да живееме од нив заради изборите. Тие доаѓаат на шампионатот во атлетика, а ние ќе покажеме дека сме подобри од австралиската влада. Мислат дека го понижиле Ѓоковиќ, но се понижиле себеси, а тој може да се врати во својата земја и да ги гледа сите во очи со крената глава – додаде Вучиќ.

  1. Вучиќ ја повтори изјавата и на англиски јазик, на барање на новинарите.
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„72-годишен маж од Гостивар ги заклал кравите на својот брат по семејна расправија„

Вчера во село кај Гостивар е уапсен 72-годишен човек кој е осомничен дека со нож ги бодел кравите на сопствениот брат, од кои една...

Работникот од Кина кој падна од мост кај с.Требеништа се бори за живот по повреда на автопатот во изградба Кичево-Охрид

Вчера во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото...

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники. На 03.06.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека...

40 илјади денари е просечен месечен трошок за третмани на еден повреден во „Пулс“ – родителите сами се борат со високите трошоци

Родителите на децата кои беа повредени во трагичниот пожар во скопската дискотека „Пулс“ се соочуваат со големи финансиски трошоци за лекување, а очекуваната државна...