32.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЗа 1 месец, 100% повисока сметка за струја – Граѓанин се жали...

За 1 месец, 100% повисока сметка за струја – Граѓанин се жали за манипулирање со саатот за струја..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бесник Хасани од кумановското село Черкези е револтиран од сметката за струја за месец декември која според него е двојно повисока. Тој вели дека не е логично разликата да биде повеќе од 100% знаејќи дека ги користел истите апарати и дека штедел при користењето на електричната енергија.

<

„Износот на сметката е енормен во споредба со минатиот месец, односно во споредба со ноември бидејќи ова е сметка за декември. Во ноември потрошив 950 кв на час а во декември 1800, разликата е за 850 кв на час“.

Хасани вели дека тој не е единствен случај со двојно повисока сметка за струја. Случајот е пријавен во ЕВН од каде му одговориле дека може да има проблем со саатот за струја а Хасани се сомнева за електронско манипулирање со саатите.

„Има уште 7 – 8 лица со кои лично контактирав во врска со сметките за декември, а тие кои не добиле, ЕВН ќе ги изненади со честитка за Нова Година. Ме известија дека ќе испратат екипа божем да извршат контрола на саатите, моите сомнежи се дека се манипулира со саатите, од каде, јас не знам, треба да знае некој друг“.

Инаку Хасани рече дека редовно плаќа струја и затоа по законски пат ќе се обиде да го детектира проблемот.

Од ЕВН за ТВ21 истакнаа дека сметките за електрична енергија се подготвуваат согласно реалната состојба на потрошувачот. Што се однесува до жалбите од граѓаните, од ЕВН велат дека постои оддел кој се занимава со жалбите од потрошувачите и дека секоја жалба се третира на соодветен начин, а на потрошувачот му се испраќа повратна информација и по потреба се врши техничка контрола на саатот.

„Корисниците никогаш нема да плаќаат повеќе или помалку од потрошеното. Се случува поради различни причини, екипите на Електродистрибуција да не се во можност да го отчитуваат броилото (на пример: заклучен објект, спречување од самиот корисник, користење годишни одмори итн.) и во овој случај корисникот добива паушален износ на фактура согласно законските прописи. Износот на оваа фактура се порамнува со наредното отчитување“.

Инаку од овој месец цената на електричната енергија ќе биде повисока за 10 отсто пишува Тв21.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...