1.9 C
Ohrid
четврток, декември 19, 2024
ПочетнаМакедонијаПетков: Македонци во Бугарија нема - а Бугарите мора да бидат...

Петков: Македонци во Бугарија нема – а Бугарите мора да бидат вклучени во Уставот на С. Македонија

spot_img

Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н. македонско малцинство во земјата. Нема такво малцинство и за такво малцинство дури не може да се зборува. Треба да го кажам јасно за сите гледачи, по таа тема има целосен консензус, за таа тема дури и не може да се водат дискусии. Нашата влада таа тема нема да ја постави за разговори или за што и да било“, одговори бугарскиот премиер Кирил Петков, на прашањето на новинарката на бугарската телевизија БТВ за тоа дали бугарската влада разговарала со амбасадатата на САД за признавање на македонско малцинство на територијата на Бугарија.

Тој за неговата претходна изјава дека дава период од шест месеци за да се заврши работата меѓу Бугарија и Македонија рече дека никогаш не навел точен рок за едно или друго решение.

„Ова треба да биде во функција само со резултат врз основа на овие работни групи. РСМ ќе влезе во ЕУ кога позицијата на Бугарија ќе биде усогласена. Сакаме Бугарите таму да бидат вклучени во нивниот Устав“, изјави Петков и во врска со компромисите на кои Бугарија е подготвена да ги направи рече дека може да биде иницијатор за пуштање на авио линијата Софија-Скопје како прв чекор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Двајца тетовчани го претепале шоферот на пајак службата.

На 17.12.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово, С.Ј. (23) од Тетово пријавил дека околу 17.00 часот на работното место во пајак возило на...

Ковачевски, чист како солза: Секогаш работев во согласност со законите

Поранешниот премиер, а сега пратеник во Собранието, Димитар Ковачевски изјави дека во целото негово работење и како премиер и како заменик-министер за финансии, се...

Адвокатот на Бајрами: Клиентот мој не е избеган, само не е во Македонија.

Адвокатот Антонио ќе го застапува поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами во случајот за кој тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби и...

Со писмо 30 доктори од болницата Козле бараат разрешување на директорката, Каролина Симоновска

30 доктори од болницата Козле бараат итно разрешување на директорката на болницата, Каролина Симоновска. Преку писмо се обратија до јавноста наведувајќи сериозни проблеми во...