27.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонија33 годишна битолчанка  почина на Инфективно во Битола, наредена обдукција

33 годишна битолчанка  почина на Инфективно во Битола, наредена обдукција

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

33 годишна жена  утринава почина на Инфективното одделение во Битола. Од Клиничката болница Битола велат дека  жената не била позитивна на вирусот, но е хоспитализирана како сомнителна на Ковид-19. Поради брзата смрт побарана е судско-медицинска обдукција врз телото на починатата со цел да се утврди причината за смртта.

<

Драматична е ситуација со ширењето на вирусот во Битола, од 31 декември до денес од Ковид-19 починале 16 битолчани.  Бројот на смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на кризата до денес се искачи на 410.

„Синоќа е примена пациентката на 33 години на Инфективното одделение во Битола како сомнителна на Ковид-19, без потврден тест.  Хоспитализирана е и дадена е соодветна терапија. По влошување на ситуација преземени се реанимациони мерки. Побарана е  обдукција. Според податокот од дежурните лекари во системот не се заведени коморбидитет, освен  обезност. Пациентката не била вакцинирана. Телото е предадено на судск- медицинска обдукција со цел да се утврди причината за смрт, велат од Клиничката болница Битола.

Бројот на заразени со Ковид-19 во Битола драматично расте. Од Нова година досега се бележат високи бројки на дневно потврдени случаи како ретко кога досега. Битола е втора зад Скопје по бројот на заразени. Вчера се регистрирани нови 125 позитивни. Во овој момент има 1.456 активни случаи.

 

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...