10.3 C
Ohrid
сабота, мај 17, 2025
ПочетнаМакедонијаБерберница „Младост“ во струшкото село Подгорци им забрани на муштериите да разговараат...

Берберница „Младост“ во струшкото село Подгорци им забрани на муштериите да разговараат за политика

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во берберницата „Младост“ во струшкото село Подгорци,секогаш врие како во кошничка од муштерии што постојано влегуваат и излегуваат.Муабетите за политика внатре се „забранети“,оти,како што велат муштериите – политиката ги раскарува пријателите и колегите,а ние тоа не го сакаме.Сопственикот е муслиман а муштерите од сите народности,македонци,власи,роми срби …
Најбитно е што човек си.

<

 

Јас сум овде во „Младост“ 40 години,откако постои берберницата.Работата оди многу добр,здравје,планирам да се проширам.Ние овде сме како семејство и не тераме политика,иако има многу поводи за тоа денес во Македонија.Но,знаете како е,луѓето се постојано се оптварени со секојдневните проблеми,а политиката доплнително ги натежнува,па кај мене во берберницата настојуваме да одржуваме пријатна атмосфера за опуштање и релаксација.За момент да се заборават проблемите.Муштеријата,освен миење,бричење или стрижење добива пиење и кафе на самото место вели Реџеп Демишоски.

 

Тој со занаетот се занимава 40 години,работи од 15 години,прво како чирак во берберницата во Струга,а потоа како мајстор во своето родно Струшко село Подгорци.Муштерии ми доаѓаат од цело село и од соседните села Вевчани и Лабуништа.Најмногу бројни се пензионерите и децата.
Не е битно што си по националност,туку што човек си,пред се,а потоа и каков мајстор си во работата што ја работиш.Во нашиот занает се е со препорака,така се добиваат и се губат муштериите,а не според тоа што си по националност – така велат муштерите Александар Мариноски – Ацо ,Митре Ѓорѓески и Тасим и Сабрија Арсланоски кој пола работен ден го минуваат заедно со берберот „Брицо“.

 

Во берберницата можат да се забележат фотографии од сите претседатели на државата Јосип Броз Тито,Кири Глигоров и Бранко Црвенкоски кои на два наврати го имаа посетено Подгорци,Борис Трајкоски и Ѓорѓе Иванов, и негови фотографии што се фотографира со секоја позната личност кој доаѓа во селото а посебно во берберницата.
Но за истакнување е тоа што берберот Реџеп,полуматурантите од ООУ „Гоце Делчев“од своето село Подгорци ги потстрижува и уредува бесплатно кога се фотографираат за табло,a старите изнемоштените лица ги шиша и бриче во домашни услови и не им наплаќа.

 

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30 минути.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе...

Тошковски: Ги јакнеме капацитетите за одржлив систем за управување со кризи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, денеска во рамки на работна посета на Охрид, присуствуваа...

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...