Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Рут Карис Стјуарт, амбасадор на Австралија со седиште во Белград.
На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Австралија, како и информации за актуелните случувања во двете земји.
Претседателот Пендаровски го потенцираше интересот на Република Северна Македонија за можностите за унапредување на економската соработка и трговската размена.
Претседателот Пендаровски го истакна значењето на македонската заедница во Австралија за унапредувањето на односите меѓу двете држави, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет .