22 годишниот Јордан Ѓ. пред малку беше спроведен во во притворското одделение во Шутка, откако му беше изречена мерка притвор, пишува А1он. Еден од членовите на семејството го испрати до полициското комбе.
Јордан не одговори на прашањата на новинарот на А1он за брзината со која возел, и за тоа дали чувствува вина.
Јордан Ѓ. синоќа прегази 24 годишна девојка од Радовиш која веднаш им подлегна на повредите. Покрај неа, во несреќата беше повредено уште едно лице, исто така од Радовиш кое со телесни повреди беше пренесено во болница.
Фото и видео А1он