Вработените од Јавните претпријатија го расчистуваа снегот во Охрид ќе добијат 10% надомест на плата.
За ова информираше градоначалникот Кирил Пецаков.
“Јавните претпријатија чии вработени беа ангажирани во расчистувањето на снегот, ќе донесат одлука да ги наградат со 10% на плата. Сите пешачки патеки и сообраќајници во градот се проодни. Нашиот приоритет е функционален град и безбедни жители”, напиша Пецаков на Фејсбук.