-1.1 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаЧетири бронзени медали за македонските сноубордери. (ФОТО)

Четири бронзени медали за македонските сноубордери. (ФОТО)

spot_img

Четири бронзени медали освои македонската сноуборд репрезентација на меѓународниот ФИС натпревар што се одржа на Бјелашница, Босна и Херцеговина. И покрај неповолните временски услови, спортистите кои се дел од Скијачка федерација на Македонија, успеаја да обезбедат добар пласман на ова натпреварување.

Карло Дерибан освои трето место во категоријата „Big Air“, Ведран Лауренчиќ во категоријата „Slopestyle“ и Слободан Саздовски кој освои две бронзени медали во категориите „Slopestyle“ и „Big Air“, во различни возрасни категории.

Ова е прв меѓународен ФИС натпревар за најдобрите македонските натпреварувачи во сноуборд во 2022. Со постигнатите резултати на натпреварот во скијачкиот олимписки центар на Бјелашница, македонските спортисти ја исполнија нормата на Скијачката федерација на Македонија. Натпреварот го организираше клубот Freestyle од Сараево.

„Големата посветеност и љубов кон овој спорт, придонесоа за овие врвни резултати и покрај неповолните временски услови. Нашите спортисти покажаа дека се конкурентни и дека поседуваат одлични квалитети со кои можеме да се гордееме. За мене овие успеси се дополнителна мотивација, но и обврска во иднина да работиме повеќе и да постигнеме уште подобри резултати. Истовремено ќе работиме на создавање на што подобри услови за тренинзи и развој на зимските спортови“, истакна Кирил Насков, тренер во Скијачката федерација на Македонија.

Македонските сноубордери кои донесоа четири бронзени медали, Дерибан, Лауренчиќ и Саздовски се членови на сноуборд клубот Полар, кој работи на спортска едукација на деца и младинци од 1996 година. Со своите активности клубот Полар дава голем придонес во развојот на зимските спортови особено во сноубордингот. Од основањето во клубот членувале и биле дел од неговите активности над 4500 деца и младинци. На натпреварот одлични настапи во сноуборд имаа и Бојан Скендеровски и Марко Петровски.

Македонските спортисти во рамките на планираните активности следниот викенд ќе учествуваат и на меѓународниот натпревар што ќе се одржи во Анилио, Република Грција.

Јавува:ОхридСкај

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...