18.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаЗабаваИсповед на Македонец од Италија: Да не ви текне да се иселите,...

Исповед на Македонец од Италија: Да не ви текне да се иселите, полошо во странство никогаш не било

Условите за работа во странство секогаш биле подобри, но овој пат состојбата со пандемиjaта направи работите да се разликуваат од порано.

Имено, многу наши иселелници седеа дома со месеци, многумина останаа без работа, а дел од нив се чудеа како да се вратат дома. Таков е и Антонио Димов кој живее во Италија, а кој претходно две години работел во Словенија.

– Во Италија сум веќе 7 години, а претходно 2 години работев во Словенија. Состојбата никогаш не била полоша. Верувајте, порано било благодет да се дојде овде, да се работи, да се заработува, но сега ситуацијата е сосема различна.

Имено, пример за тоа сум јас и моето семејство. Јас веќе 4 месец сум без работа. Шефот ме повикува да работам 2 дена во неделата кога ќе им биде потребно.

И тој случај не е само со мене. Исто е и со многу мои други колеги. Платите поради кризата наместо да растат, опаѓаат, а голем број на граѓани останаа и без работа.

Вака А.Д ја започнува својата приказна за како што вели „враќањето од Италија во својот дом во Македонија“.

– Сега многумина ќе речат: овој не е нормален. Нигде во светот не е полошо од Македонија. Но тоа не е точно. Светот се соочи со најголемата здравствена и економска криза и со тоа донесе многу поголеми последици и по земји како Италија.

Тој вели дека никогаш порано вака не размислувал но откако останал без работа 4 месец по ред како никогаш порано е убеден дека треба да се врати дома.

– Досега беше добро. Работевме. Колку можевме тргнавме некој денар. Сега време е да си се вратиме дома. Не дека и кај нас е сјајно. Знам дека работите се уште потешки, знам дека и кај нас работава е уште потешка, но барем ќе бидеме дома.

Ќе бидеме заедно до нашите најблиски и ќе продолжиме да се бориме уште посилно за подобра иднина на нашите деца. Ситуацијата тука станува неподнослива. Се уништи се, јас сум без работа, сопругата работи, но едвај врзуваме крај со крај, а камоли да заштедиме некој денар.

Кога ќе се сметнат трошоците, не само што ништо не ни останува, туку и не можеме да си дозволиме да прошетаме и да трошиме како што тоа било случај во минатото.

Оттука на сите кои бараат чаре надвор во моментот ги советувам: Да не ви текне да се иселите, бидејќи овде помизерно никогаш не било.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пронајден охридскиот автомобил кој беше украден ноќеска!!!

Автомобил „Сеат Леон“ беше украден ноќеска во центарот на Охрид. Како што дознаваме возачот паркирал пред една самопослуга и влегол во неа, по што крадците...

Пронајден опожарен автомобил помеѓу селата, Волино и Мешеишта

Рано утрово пронајден е опожарен автомобил помеѓу селата Волино и Мешеишта. Спред првичните информации од мештаните не знаме за каква марка на автомобил станува...

Денеска по струшките улици литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“

Традиционално, на 7 мај, моштите и чудотворните икони носени од угледни граѓани, предводени од локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во...

Страотна сообраќајка во „Влае“, едно од возилата е преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово кај мостот „Влајко“ во скопската населба Влае. Во сообраќајката учествувале две возила, од кои едното е пресечено на...