22.9 C
Ohrid
недела, септември 14, 2025
ПочетнаМакедонијаOд Скопје до Софија без дупки на патот-Бочварски најавува реконструиран Коридор 8...

Oд Скопје до Софија без дупки на патот-Бочварски најавува реконструиран Коридор 8 за една година

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Тоа ќе биде инвестиција од 100 милиони евра, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во вестите на Канал 5.

<

Коридорот 8 од наша страна, односно експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, третата лента кон Деве Баир и целосната рехабилитација на постоечкиот пат треба да ги завршиме кон средината на 2023 година со што ќе имаме комплетно нов Коридор 8, од Скопје до границата со Бугарија. Тоа ќе биде инвестиција од 100 милиони евра, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во вестите на Канал 5.

– Една од слабостите е тоа што досега работните групи многу често се формирале, но после првичните состаноци, изостанувале состаноците и средбите. Сега целта е да имаме многу поактивни, брзи и ефикасни средби. Ова го говорам од аспект дека најмалку четири пати годишно ќе имаат средби. Овие работни групи коишто ќе разговараат на најразлични теми, по потреба ќе се среќаваат и почесто со ротација и во Бугарија, но и во Македонија така што од тој аспект сакам да кажам дека уште кон средината на овој месец ќе биде првата средба на тие работни групи кои што технички ќе влезат во разработка на сите проекти и постапки и ќе ги олесниме процедурите за да отпочне, но и да се заврши сè она кое што сме го замислиле – појасни Бочварски.

Тој најави дека новиот начин на соработка ќе ја забрза и динамиката на железницата кон Бугарија, како и дека наскоро ќе се воспостави авиолинија со Софија.

– На средбата на двете работни групи ќе ги отвориме и прашањата за авиолинијата, за процедурите што треба да се завршат и секако за економската исплатливост и вклучувањето на одредени авиопревозници. Тоа е поголема постапка, но сакаме брзо да ја решиме и што е можно поскоро да се отвори оваа авиолинија – истакна министерот Бочварски.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...

Перчо Божиноски носител на листата на ВМРО ДПМНЕ за Советот на Општина Охрид

Перчо Божиноски ( актуелен Претседател на Советот на Општина Охрид ) ќе ја предводи листата за Совет на ВМРО ДПМНЕ на Локалните избори годинава...

Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга

Во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица...