15.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаСветАвстралија нема да даде воена поддршка на Украина дури и ако ситуацијата...

Австралија нема да даде воена поддршка на Украина дури и ако ситуацијата се влоши !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Австралиската министерка за надворешни работи Марис Пејн повика да нема шпекулации за можна руска агресија врз Украина и повика на продолжување на западниот дипломатски дијалог со Русија.

<

Во етерот на радиото ABC како одговор на прашање за можна инвазија на руски војници на територијата на Украина, министерката истакна дека шпекулациите за ова прашање во моментов не се особено корисни.

– Земјите ширум светот ја повикаа Русија да преземе чекори за деескалација на ситуацијата и да продолжи да учествува во безбедносниот дијалог во регионот, рече таа. Според Пејн, важно е да се учес твува во дипломатска работа за да се обезбеди јасност во ставовите на истомислениците, „во нашиот случај, либералните демократии и Австралија ќе продолжат да го прават тоа“.

Министерката уште еднаш истакна дека Австралија нема да и пружи воена помош на Украина дури и „во случај на дополнително влошување на ситуацијата“.

– Рековме дека нема да учествуваме во воената поддршка на Украина и нема да учествуваме. Австралија секако тесно соработува со партнерите во меѓународната заедница, вклучително и Украина, и ако земјата може да помогне во кибер безбедноста, ние ќе го сториме тоа, рече Пејн.

Таа нагласи дека Австралија продолжува да повикува на деескалација на ситуацијата и го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Претходно беше објавено дека австралиското Министерство за надворешни работи ги советувало граѓаните на земјата да ја напуштат територијата на Украина и да се воздржат од патување во оваа земја поради опасност од воен конфликт.

Министерството за надворешни работи подоцна потврди дека донело одлука да ги повлече од дипломатските претставништва во Украина вработените во австралиските државни организации, како и членовите на семејствата на вработените во амбасадата и конзулатите на земјата.
Јавува: Денешен Весник

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...