6.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаСветБајден: Ако Русија ја нападне Украина подготвени сме да и нанесеме жестока...

Бајден: Ако Русија ја нападне Украина подготвени сме да и нанесеме жестока економска штета.

САД и европските сојузници се „целосно едногласни“ околу Украина и подготвени се да нанесат жестока економска штета на Русија ако таа изврши напад, истакнаа синоќа од Белата куќа.

-Имав многу, многу добар состанок. Целосно сме едногласни со европските лидери, рече претседателот на САД Џо Бајден.

На неговиот Твитер налог беше укажано дека Бајден со европските сојузници дискутирал за „заедничките напори да се одбие руската агресија како подготовка за нанесување жестока економска штета на Русија и засилување на источното крило“.

Виртуелниот состанок беше со лидерите на Европската комисија, Советот на Европа, НАТО, Франција, Германија, Италија, Полска и Велика Британија, соопштија од Белата куќа.

Во меѓувреме, Пентагон соопшти дека министерот за одбрана Лојд Остин ставил во состојба на „зголемена готовност“ 8.500 војници во САД за нивно брзо распоредување да асистираат на НАТО, ако тоа е потребно. Тие би требало да се распоредат во Источна Европа и балтичките земји.

Џон Кирби, портпаролот на Пентагон, истакна дека сепак, се уште нема одлука за тоа, и укажа дека САД можат да ги искористат трупите стационирани во Европа.

-Зборуваме за потенцијално распоредување на нашите војници во земји како Романија и Бугарија, истакна Кирби во изјава за Си-ен-ен.

-Ние секогаш велевме дека ќе го засилиме нашите сојузници во источното крило, изјави Џен Пскаки, портпарол на Белата куќа. Таа додаде дека советниците за национална безбедност со сојузниците разговораат на таа тема со недели.

Од Кремљ повеќепати досега негираа дека Русија има намера да ја нападне Украина.
Јавува: Фокус

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...