14.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаОСМАНИ ЈА СМИРУВА СИТУАЦИЈАТА - Македонија сѐ уште не одлучила дали ќе...

ОСМАНИ ЈА СМИРУВА СИТУАЦИЈАТА – Македонија сѐ уште не одлучила дали ќе испрати војници во Украина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

МНР ја следи состојбата и сѐ уште нема испратено предупредување до македонските граѓани да не патуваат во Украина или пак повик до оние кои веќе се наоѓаат таму да ја напуштат државата, вели Гласот на Америка.

<

Северна Македонија со внимание ја следи актуелната состојба во Украина, велат од Министерството за надворешни работи. На прашањето на Гласот на Америка дали ќе упатат предупредување до македонските граѓани да не патуваат во Украина или пак повик до оние кои веќе се наоѓаат таму да ја напуштат државата, од МНР велат дека формирале работна група што го следела развојот на настаните и безбедносната ситуација во Украина.

Некои држави веќе ги повикаа своите граѓани да не патуваат во Украина, како на пример Канада. Американската амбасада во Киев ги повика своите граѓани веднаш да размислат за напуштање на земјата, потсетува Гласот на Америка.

Северна Македонија се’ уште нема одлучено, дали евентуално би испратила и свои војници во Украина, како дел од НАТО сојузничките сили. Од Армијата на Северна Македонија велат дека секоја одлука се носи на повисоко ниво и оти во моментот работат според годишен план за работа.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во телефонски разговор вчера со Дерек Чолет советник на Стејт департментот на САД, разменил мислења за актуелната безбедносна состојба во Европа и актуелните случувања во и околу Украина.

„Беше изразена взаемна поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина, повлекувајќи ја важноста од заштита на човековите права. Воедно, ја истакнаа значајноста од заеднички пристап кон актуелните безбедносни предизвици и упатија повик за деескалација на состојбите во интерес на европската сигурност. Во тој контекст, ги поздравија напорите на меѓународните партнери и заложбите во рамки на НАТО и ОБСЕ за смирување на состојбите и зачувување на мирот“, се вели во соопштението на МНР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...