12.3 C
Ohrid
четврток, април 17, 2025
ПочетнаМакедонијаПочина Ратка Бакалиноска, која на 16 години била измачувана од бугарската окупаторска...

Почина Ратка Бакалиноска, која на 16 години била измачувана од бугарската окупаторска фашистичка власт

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

КОГА ЌЕ КАЖЕВ ДЕКА СУМ МАКЕДОНКА ДОПОЛНИТЕЛНО МЕ МАЧЕА

<

Почина Ратка Бакалиноска, партизанка од Битола која како 16-годишна ученичка била измачувана во затвор од бугарската окупаторска фашистичка власт. Имаше 96 години.

Бакалиноска е родена 1926 во Битола, носителка е на Партизанска споменица 1941 година за учество во Народноослободителната борба (НОБ), и одликувана со повеќе ордени и признанија на републичко и федерално ниво. Била членка на Сојузот на комунистичката младина (СКОЈ) од 15 години.

Во декември 2020, поттикната од актуелното вето на Бугарија за влезот на Македонија во ЕУ, при што, меѓу другото, Бугарија го оспорува ословувањето на нејзината власт во Македонија од 1941-44 како окупаторска и фашистичка, Бакалиноска за САКАМДАКАЖАМ.МК ја раскажа својата лична приказна за животот под бугарска окупација.

„Ме донесоа во собата за испрашување каде ме дочека главниот агент задолжен да ме испрашува… Пред да почнат со испрашувањето, ме држеа повеќе од едно деноноќие во соба на столче без седиште завртена кон ѕидот… Ме притискаа да ги предадам моите другари, и да се пријавам за Еврејка, Влаинка, а на мојот отпор и декларирање за Македонка, одговараа со дополнителни часови во затвор и изолација во соба полна со глувци.

Имав само 16 години, поради што не можеа да ме осудат, како што сторија со моите другари кои добија по 15 години затворска казна… Бидејќи сето ова се случуваше во време на учебна година, откако ме пуштија во мај 1943 година, се вратив да ги завршам сите предмети на втора година гимназија.

Но, три дена потоа, дома дојде писмо од управата за мое исклучување од сите училишни активности и забрана за посетување било каква настава во било кое училиште на територијата под бугарска управа.

Писмото велеше: ‘Се исклучувате од сите школи на Царството Б’лгарија, како антидржавен елемент, винаги’. Засекогаш. Така, заминав во партизани, со мислата дека кога ќе ја ослободиме нашата територија, ќе можам повторно да се вратам во училишните клупи“, кажа тогаш Бакалиноска и рече дека скоро 80 години подоцна, кога Бугарија негира дека нејзината власт во Македонија во Втората светска војна била окупаторска и фашистичка, таа си го поставува истото прашање:

„Но, сите овие години се прашувам зошто нè испрашуваа, зошто нè исклучуваа и зошто не дозволуваа слободно изразување? И дали, таквата нивна политика, всушност – тогаш и денес – може да се нарече неокупаторска, ослободителна и антифашистичка?“

По војната, Бакалиноска ја завршила гимназијата и се запишала на југословенска книжевност на тогашниот Филозофски факултет, каде професор ѝ бил Блаже Конески. Факултетот го завршила со голем успех, паралелно со работни обврски и општествен ангажман во партијата и други здруженија.

 

Посмртните останки ќе бидат погребани во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Укинат е притворот за сите полициски службеници осомничени за трагедијата во Кочани

Укинат е притворот за сите полициски службеници осомничени за трагедијата во Кочани, потврдија за Инфомакс од ОЈО ГОКК Во денешната постапка на предлог на јавниот...

Бесплатна храна и шаблони јајца за ранливите категори од Вила Бате Боле с.Лешани, по повод Велигденските празници.

По повод Велигденските празници, Ресорт Бате Боле с. ЛЕШАНИ организира донација од бесплатна храна и шаблони јајца за ранливите категории од населеното место Дебрца. Со...

Николоски: Македонија нуди услови за отворање на добро платени работни места

Туризмот, инфраструктурата, образованието се секторите на кои се фокусираме на соработка со Обединетите Арапски Емирати. Имаме бројни средби во овие неколку дена, ќе потпишеме...

Нова современа апаратура во охридската болница

Охридската болница се поднови со нови апарати. Вредни донации на одделот за патологија и очното одделение. Едниот современ апарат е за оптичка кохерентна...