5.3 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЖителка на петричко село: Во 1965. сите Македонци ги пишавме Бугари, едно...

Жителка на петричко село: Во 1965. сите Македонци ги пишавме Бугари, едно момче не се пиша, го претепаа…

Баба Илинка од петричкото село Боровичене близу границата со Македонија во репортажа на Бугарската телевизија (БТВ) се сеќава на 1965 година, кога Македонците ги пишувале Бугари, како и за односот кон тие што не го прифатиле тоа.

Прилогот на БТВ насловен „Како Бугарите и Македонците живеат заедно во погранично село до Северна Македонија“ го пренесуваме во целост:

 

 

„Додека двете влади на Бугарија и на Северна Македонија се обидуваат да постигнат консензус за политичките прашања, живото на обичните луѓе што живеат непосредно до нашата граница со Северна Македонија целосно ја отфрла темата за конфликтот меѓу Бугарите и Македонците.

 

 

 

40 души. Толку останале денес во село Боровичене на само неколку километри од границата со Северна Македонија. Тивко е. И покрај чувството дека времето е замрзнато како студот надвор, тоа си го продолжува својот од. Баба Илинка исто така се обидува да го запре времето, за да се врати во него – кон оние времиња кога селото требало да се нарече ‘македонско’, а потоа – ‘бугарско’.

 

 

‘Јас бев повереник. Првата работа што ја завршив како повереник беше во април 1965 година. За една ноќ им направив документи на 360 жители на Боровичене. Од Македонци ние ги напишавме Бугари. Едно момче не се напиша Бугарин. Го претепаа, му го сменија пасошот’, раскажа баба Илинка.

 

 

Пасошите и имињата зсе менуваат, границите исто така, но не и чувствата меѓу луѓето.

 

 

Луѓето велат дека не виделе ништо лошо едни од други и според нив сè се политички игри.

 

 

‘И Бајрам го тераат заедно, и нашите пости на Велигден ги тераат заедно. И ние тука сме такви. Само времето нè дели со еден час. Ние сме си браќа.

 

Ниту границата, ниту власта, ниту политиката не можат да ги искоренат идентитетот и историјата.

 

Си тргнуваме од Боровичене кон Софија. На посета на жолтата калдрма е новата македонска влада.

 

Политичарите зборуваат за уште едно зближување, нешто што луѓето, како 40. преостанати во малото село, одамна го имаат направено“, вели репортерката на БТВ, Антонија Јаворова.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...