18.5 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаДуи: Кабелот на Ахмети е продолжен и не кради струја со него.

Дуи: Кабелот на Ахмети е продолжен и не кради струја со него.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од политичката партија ДУИ денеска излегоа со реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ каде се споменува продолжниот кабел и се потенцира див приклучок во струјното броило.

<

Од партијата велат дека минатата година на 27 септември од страна на ЕВН официјално било соопштено дека инспекцијата не констатирала ниту една неправилност, а додаваат и дека ВМРО-ДПМНЕ „ја крие својата неспособност потврдена преку „пуч-коалицијата 61″.
ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува кампањата на неоснована медиумска пропаганда со лажни вести кои имаат за цел институционална дефакторизација на Албанците во земјава, непочитување на вредностите на еднаквоста и дефокусирање на јавноста од приоритетите на развојот и евроинтеграциите“, велат од ДУИ.

Од ДУИ, во однос на тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека во кабинетот на Ахмети има „машина за броење пати“, велат дека јавноста била информирана оти таа фотографија е направена во една канцеларија на едно претпријатие во Република Косово, што е потврдено и од челниците на таа компанија.

„Јавноста смета дека е иронично ВМРО да зборува за корумпираност на другите кога фактите говорат сами за себе, а граѓаните се веќе целосно свесни. Сите неосновани обвинувања, но и последователните напади врз ДУИ не покажуваат ништо друго освен неспособност на ВМРО да ја промени реалноста и чекорењето на државата кон подобар развој. ДУИ е со целосен легитимитет од народот уште од нејзиното основање, а целта на партијата е да се обезбеди проевропска иднина за земјата со европски демократски вредности и подеднакви можности за сите“, наведува ДУИ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ прашуваат зошто на фестивалот “Охридско Лето” нема албански музичари !!

На Ахмeти и ДУИ почна да им пречи и Охридско лето. Им сметало што на овој меѓународен фестивал, со 65- годишна традиција немало доволно...

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...