14.9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаУчениците не само што ја прифатија Ембла тие цело време се грижат...

Учениците не само што ја прифатија Ембла тие цело време се грижат за нејзе и за одморите.

spot_imgspot_img

Случајот со 11-годишната Ембла од Гостивар, девојче со Даунов синдром, против кое со петиција се кренаа родители на 11 нејзини соученици од основно училиште од Гостивар и не ја сакаат во иста училница со нивните деца, ја покажа грдата слика на општеството, во кое се уште има поединци кои не знаат за емпатија и прифаќање на различностите. За поддршка од нив пак, кон девојчето и нејзините родители, не може ниту да се зборува.

Сепак, како светла точка во светот на децата со посебни потреби и нивните родители, како и на сите луѓе кои имаат сомилост и разбирање за секој човек, доаѓа приказната од Струмица.

Анче Туфекџиева е мајка на Верче, девојче со Даунов синдром, кое сега е во осмо одделение и посетува редовна настава. За ,,Фокус” таа раскажа за личното искуство од училиштето на Верче.

-Уште кога за прв пат влеговме во училницата во редовното училиште, многу убаво бевме прифатени од сите. Верче секогаш е Верче за нејзините соученици, таа никогаш не е девојчето со Даунов синдром! Дури нејзините школски другарчиња се грижат за неа на одморите, поканета е на сите родендени, исто како што и кај нас е покането цело одделение.

Таа учи во Основното училиште Сандо Масев, но овде во Струмица е исто во сите училишта. Јавната свест за прифаќање на овие дечиња е на високо ниво.

Другарчињата на Верче и беа поддршка и на модната ревија посветен на различностите, тие се дел од нејзиниот живот- раскажува Анче, која е на чело на Здружението Вера, за поддршка на лица со Даунов синдром долги години наназад.

За настанот со Ембла, вели дека е разочарувачки, и дека е жално што во општеството има луѓе кои не ги научиле основните вредности на животот.

-Понекогаш си мислам добро е успеавме

донекаде ние родителите на деца со попреченост да ја покренеме јавната свест и нашите деца да бидат прифатени во оваа општество…но баш тогаш ќе се појави некој ваков случај и ќе се запрашам Зошто? Што им згрешило ова дете на овие ,,11 мајки”???

Зарем има причина некое дете да биде различно од другите? Различно до тој степен па дури да биде изолирано во друга училница? Какви мајки се овие? Како ги учат своите деца на основните вредности на животот ? За вакви случаи потребна е поддршка од сите страни но мислам дека треба и одговорност на сите кои се соучесници во овој процес!

Жал ми е што живееме во општество во кое сеуште има луѓе кои не ги научиле основните вредности на животот! Да бев на местото на родителите на Ембла незнам дали исто така пожртвувано ќе реагирав,веројатно да,но знам едно дека таквата постапка од страна на другите родители нас многу не боли…затоа што ние од петни жили секојдневно се бориме со сите да покажеме дека и нашите деца можат и умеат само средината треба да им даде шанса да покажат!-појаснува мајката.
За повеќе детали,Тука Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гоцевата дружина- Објавена е уште една непозната фотографија од македонската историја

Истражувачите Диме Ратајковски и Душко Дуле Апостолски по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев, за првпат од нивната приватна...

Давкова: Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев!

Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев! Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја...

Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец, му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко

Полицаец, заедно со уште двајца скопјани, се осомничени за грабнување и разбојништво, бидејќи киднапирале маж, а откако го повредиле, му се заканиле дека ќе...

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред...