18.8 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаНајдобриот работник од Делчево се сретна со Папата.

Најдобриот работник од Делчево се сретна со Папата.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Делчевецот Зоран Момчилов кој со сопругата Марија и семејството долги години работи во Монфорте, Италија од страна на матичната компанија Azienda Agricola Castello Di Perno го доби признанието за најдобар работник.

<

Како награда за својот огромен труд, компанијата му укажа чест на Момчилов да се сретне со Папата Франциск на кого му подари сортно вино произведено токму во компанијата каде работи.

Монфорте е област во кој доминира лозарството и е регион каде најразвиено е производството на вино. Во овој дел од Италија својата егзистенција ја нашле околу 30-тина семејства од Делчевско и околните места. Монфорте меѓу другото е познато и по туризмот кој најмногу е развиен поради големиот број замоци сопственост на аристократски семејства (Маркизи). Токму сопругата на Зоран, Марија Момчилова е задолжена за целосно одржување и управување со еден таков замок, додека нејзините сопственици се надвор од Италија.

Инаку, покрај работата во винаријата Azienda Agricola Castello Di Perno, Момчилов од поодамна се има докажано и во музичките води. На делчевската јавност и е познат како еден од најпознатите вокали, а на неговиот профил и ден денес може да се забележи како на разни свечености, средби и дружења како во Македонија, така и во Италија, се уште го служи гласот, забавувајки ги нашинците но и странците со македонската народна песна.

Средбата на делчевскиот вреден работник со Папата Франциск е овековечена со неколку фотографии.

За повеќе Фотографи и линк до оргиналната статија Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...