17.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаМакрадули: Поштарот кој украде 220.000 денари го избркавме од работа.

Макрадули: Поштарот кој украде 220.000 денари го избркавме од работа.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во врска со случајот „фалсификување на службена исправа“, за која ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Д.Ј.(58) од општина Центар Жупа, вработен во АД “Пошта на Северна Македонија”, Ве информирам дека по претходна пријава, од моја страна беше доставено барање до Самостојната служба за инспекција, за обезбедување податоци и откривање дали е извршена злоупотреба на службената положба и овластување.

<

По констатирањето на повредите и неправилностите, при извршувањето на работните задачи, од наша страна беа преземени сите мерки и активности за постапување против незаконските дејствија и случајот е пријавен до надлежните органи.

Лицето против кое е поднесена кривичната пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, веќе не работи во АД “Пошта на Северна Македонија”, а средствата во износ од 220.000 денари, кои противправно ги присвоил, на ден 30.12.2021 година се вратени, односно уплатени на сметка на ќерката на оштетената.

Во АД “Пошта на Северна Македонија” веќе нема компромис во борбата за спречувањето на криминалот и корупцијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...