4.4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаЗабаваГрадоначалник чувал овци, бидејќи сточарот бил позитивен на вирусот.

Градоначалник чувал овци, бидејќи сточарот бил позитивен на вирусот.

spot_img

Градоначалникот на сицилијанскиот град Петросино, Gaspare Giacalone  , воопшто не се двоумел што да направи кога еден локален сточар се обратил кај него за помош бидејќи  тој и целото негово семејство биле заразени со коронавирусот и не можеле да најдат никој да го чува стадото со 250 овци.

” Можете да ме пронајдете помеѓу овците, јагнињата и козите затоа што загрижениот сточар Антонио ме замоли за помош. Само што откри дека целото негово семејство е заразено и не може да најде некој што ќе се грижи за стадото. Веднаш истрчав да му помогнам“, напиша градоначалникот  на својот Фејсбук профил на 13 ноември.

Тој додаде дека Антонио ја сака својата работа, дека тоа е целиот негов живот и дека неколку пати повторувал преку телефон, со грутка во грлото, дека овие суштества не можат да се напуштат.

Корона вирусот директно или индиректно влијае и на оние кои немаат никаква врска со тоа. Да се ​​биде градоначалник значи и жртвување и помагање на луѓето. Денес се чувствувам малку повеќе од обичен политичар“, напишал тој.

Тој вели дека кога дошол на фармата видел животни, како што се јагниња стари само неколку дена, и едноставно немал срце да ги напушти.

Откако одекна оваа вест, тој добил многу пораки, а некои дури и се понудиле да посвојат јагне. “Многумина подадоа рака, но во оваа работа тешко може да се импровизира. На пример, кучињата кои го чуваат стадото можат да бидат многу агресивни, треба да знаете како да се справите со нив, изјави тој за Immagina, додавајќи дека меѓу добиените понуди е и понудата на неколку млади имигранти со чија помош се грижеше за овците, сè додека сточарите не се опоравија.

Се откажал од високата плата за да се бори со мафијата

Инаку, Gaspare Giacalone  е дипломиран економист и магистер по деловна администрација и долги години бил службеник во Европската инвестициска банка во Лондон. Тој одлучи да ја остави својата висока плата од тоа работно место и да се кандидира за градоначалник на овој мал град со само 8.000 жители.

Потекнува од земјоделско семејство и веднаш штом победил на изборите за градоначалник почнал да се бори со мафијата што изградила хотели на само неколку метри од самиот брег.

Поради ова тој добивал и многу закани по сопствениот живот, меѓутоа сепак победил.

Обвинителството ги  заплени зградите кои биле изградени долж крајбрежјето, а регионалната влада направила увид во агенциите за управување со јавен отпад, кои исто така работеале со мафијата.

Извор: Агроклуб

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...