28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаСкромен човек: Ковачевски се откажал од користење на премиерската вила на...

Скромен човек: Ковачевски се откажал од користење на премиерската вила на Водно

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Димитар Ковачевски се откажал од користењето на премиерската вила, дознава ТВ21. Ова Владата ја потврдуваат информацијата.

<

„Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, не ја користи премиерската вила. Со семејството е во истиот дом каде што живееше и до сега. Нема побарано други привилегии“, велат од Владата на РМ за ТВ21.

Сместена меѓу борова шума, на улицата „Ацо Караманов“ на Водно, се наоѓа вилата наменета за премиерот на Македонија, а нејзин прв сосед е претседателот на државата. Оваа вила е строго чувана, има жична и жива ограда, а полицијата, обезбедувањето и чуварите веднаш реагираат ако некој сака да се доближи или да фотографира и снима.

Нето платата на премиерот изнесува нешто над 78 илјади денари. На оваа сума се пресметува и минат труд, во кој на пример претходниот премиер Зоран Заев земаше дополнителни 8.900 денари.

Инаку по завршување или прекинување на мандатот, на премиерот или претседателот на државата му следуваат шест бодигарди од МВР, возач и службен автомобил.

Поранешниот премиер Зоран Заев рече дека се откажува од апанажа, автомобил и возач, а делумно ќе го користи државното обезбедување.

Претходно во Вилата на Водно, многу краток период живееше поранешниот премиер Зоран Заев. Ниту Никола Груевски, како премиер не живееше во вилата. Во истата вила не престојуваше ниту техничкиот премиер Емил Димитриев, кој остана да живее во Пробиштип. Пред Заев, нејзин последен станар беше Владо Бучковски, кој оттаму си замина во 2006 година, кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...