23.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаЗабаваЗа 250.000 долари може да вечерате со Трамп

За 250.000 долари може да вечерате со Трамп

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

За четвртина милион долари двојките ќе можат да имаат „приватна вечера“ со бившиот претседател и „можност да купат дводневен престој во Мар-а-Лаго“.

<

Богатите поддржувачи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп може да закажат вечера со него за 250.000 долари, а собраните пари ќе бидат вложени во неговата кандидатура за претседателските избори.

Акцијата за собирање средства, наречена „Форум на кандидати за враќање на Конгресот“, е закажана за 23 февруари на имотот на Трамп Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида. Иако на настанот ќе присуствуваат републикански кандидати за Конгресот, собраните пари ќе бидат наменети исклучиво за кампањата на Трамп „Да ја направиме Америка пак голема, пак!“.

Привилегиите на присутните ќе зависат од тоа колку пари ќе платат. За 250.000 долари, паровите може да закажат приватна вечера со Трамп, да се фотографираат со него и добиваат можност да купат престој од две ноќи во Мар-а-Лаго.

За 100.000 долари паровите ќе се фотографираат со него, но ќе мора да вечераат со кандидатите за Конгресот, а не со поранешниот претседател.

За 5.000 долари гостите ќе добијат само вечера со кандидатите и „коментари“ од Трамп.

„250 илјади долари за *опција* да купите престој во Мар-а-Лаго?“, беа главно реакциите на Твитер. „Уау, мора да се дави во долгови“.

Претседателувањето на Трамп заврши во јануари 2021 година, но тој оттогаш остана активен во политиката. Невообичаено за поранешен претседател на САД, тој продолжува да одржува митинзи и да собира средства, и постојано навестува дека можеби повторно ќе се кандидира за претседател во 2024 година.
Мкд.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...