25.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонските вина ќе можат да се промовираат во Хрватска

Македонските вина ќе можат да се промовираат во Хрватска

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонските вина ќе можат да се промовираат во Хрватска со нивните географски називи. Проблемот со пласманот што неодамна се појави поради спорните одредби од новиот Закон за вино на Република Хрватска, кои имаа рестриктивен карактер кон вината со потекло од Република Северна Македонија, преку комуникација со хрватските власти успешно е надминат.

<

Овие одредби, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, не беа во согласност со Регулативата 1308/2013 што е облигаторна за Хрватска, како земја членка на ЕУ, ниту со Дополнителниот Протокол за вино меѓу нашата земја и ЕУ, како основен документ што целосно ги регулира односите меѓу Северна Македонија и ЕУ од аспект на виното. Во решавањето и надминувањето на проблемот, како што се наведува, учествуваа и претставници на Европската Комисија.

„Најзасегнати од овој проблем беа винарските визби кои извезуваат вино во Република Хрватска. Им беше забрането во било која форма да го рекламираат и промовираат виното од нашата држава се географските називи. Ваквите рестрикции ќе предизвикаа намалување на продажбата во маркетите, кои постоеше реална опасност да престанат да го набавуваат македонското вино“, се вели во соопштението од МЗШВ.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски изминатиот период, како што се наведува, имаше интензивни работни средби со амбасадорката на Република Хрватска Данијела Баришиќ, а беше испратено и писмо до хрватскиот министер за земјоделство Томислав Толушиќ.

„Сега вината со потекло од Република Северна Македонија ќе можат да се рекламираат и промовираат во Република Хрватска. Ова е од големо значeње за винарските визби бидејќи Хрватска е втора извозна дестинација за вино во шише од Македонија. Со брзо надминување на проблемот винарските визби повторно го нормализираа своето работење, односно продажбата на вина на пазарот во Хрватска, пред почетокот на летната туристичка сезона кога има и најголема побарувачка за вино“, стои во соопштението од МЗШВ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Никола победи на „Ѕвездите на Гранд“

Синоќа се одржа големото финале на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а токму македонецот Никола Станишиќ победи. Имено, Никола Станишиќ е роден на 18 февруари...

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...