13.6 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаСветХакер: За 24 часа ќе ги објавам сите податоци ако А1 не...

Хакер: За 24 часа ќе ги објавам сите податоци ако А1 не ми плати 1.000.000 долари.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Хакер кој го нападна А1 Хрватска и украде лични податоци на најмалку 100.000 корисници бара од компанијата да му плати околу половина милион долари во криптовалути во следните 24 часа, јавува Телма Тв.

<

Доколку не го стори тоа, тврди тој, украдените податоци ќе ги објави на неколку хакерски и даркнет форуми.

А1 објави дека се украдени околу 10 отсто од вкупниот број корисници на таа мрежа. Прикажаните податоци се име и презиме, адреса и телефонски број.

За жал, и покрај напредните мерки за заштита и постојаното подигање на нивото на безбедност, се случи безбедносен инцидент поврзан со една од базите на податоци на корисници, со што се загрозени дел од личните податоци на делот А1 на корисниците“, велат од А1. Според нив, со кражба на податоци биле опфатени околу 10 отсто од вкупниот број корисници на таа мрежа.

А1 соопшти и дека поднеле кривична пријава до Полициската управа во Загреб и дека е во тек кривична истрага. Тие, исто така, открија кои лични податоци биле загрозени.

„Интензивно се работи на утврдување на сите факти поврзани со безбедносниот инцидент, а досега компјутерската форензика утврди дека потенцијално се компромитирани податоци на помалку од 10 отсто од корисниците на А1. Податоците што се прикажани се име, адреса, OIB и телефонски број додека картичките и сметките не се компромитирани бидејќи не се достапни во наведената база на податоци. Директно ќе ги информираме сите корисници чии лични податоци се потенцијално загрозени“, додаваат тие.

За порталот Индекс неофицијално било потврдено дека хакерот ја уценувал компанијата откако упаднал во нивните податоци. Тој побарал пари во криптовалути во вредност од околу половина милион долари.

Индекс дознава и дека полицијата го сфатила овој случај крајно сериозно, не само затоа што се работи за уцена во обид да извлече значителна финансиска корист, туку и поради тоа што се однесува на голем број лични податоци. Инаку, лицето кое се претставило како хакер кој упаднал во системот на А1, по електронска пошта информирало повеќе медиуми за се, вклучително и Индекс.
Телма Тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...