26.9 C
Ohrid
среда, август 6, 2025
ПочетнаСветПо 140 години пропадна Фабриката за тутун -Сараево каде се произведуваа легендарните...

По 140 години пропадна Фабриката за тутун -Сараево каде се произведуваа легендарните цигари „Дрина”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фабриката за тутун Сараево (ФДС), која што постои повеќе од 140 години, ќе престане со работа на последниот ден од март, врз основа на одлуката донесена од Надзорниот одбор, со што ќе се стави крај на матниот процес на приватизација на компанијата, потврдија од Синдикатот на тутунската индустрија на БиХ, пренесе Хина.Тие беа првите производители на „Марлборо“ во поранешна Југославија, како и на брендот „Дрина“.

<

Претседателот на синдикатот Мехмед Авдагиќ денеска за медиумите во БиХ потврди дека работниците на ФДС го информирале дека надзорниот одбор во јануари донел одлука за ликвидација на фабриката, која ќе стапи на сила на 31 март.

Авдагиќ одлуката ја нарече разочарувачка, велејќи дека таа е резултат на фактот што никој не одговорил на бројните предупредувања дека ФДС пропаѓа од 2016 година, кога виенската Адриатик инвестментс, која беше партнер со Бритиш Американ Тобако (БАТ), купи контролен пакет од 40 отсто од акциите на владата на Федерацијата БиХ по цена нешто повисока од 20 милиони евра.

После тоа, од ФДС беше формирана нова компанија наречена Бадеко Адриа, по што следеше откуп на акции во сопственост на мали акционери и низа комплицирани трансакции кои доведоа до колапс на производството. Највредните марки на цигари како што е легендарната сараевска Дрина или поновата Аура се продадени, а дел од овие цигари сега се произведуваат и пакуваат во Ровињ.

„Работниците навреме предупредија, испратија писма до претставниците на меѓународната заедница, финансиската полиција, владата на ФБиХ, нема кому не испратија, но за жал немаше доволно сила да се борат против оние кои сакаа да ја урнат фабриката“, изјави Авдагиќ за телевизијата Н1, додавајќи дека само продадените брендови вределе најмалку 40 милиони евра.

Авдагиќ ја проценува вкупната годишна вредност на пазарот на тутун во БиХ на повеќе од 500 милиони евра.

По затворањето на ФДС, низ БиХ ќе останат бројни имоти во сопственост на компанијата, вредни стотици милиони евра.

ФДС беше првиот производител на цигари Марлборо во поранешна Југославија и еден од лидерите во тутунската индустрија во поранешната држава. По ликвидацијата на оваа фабрика, основана во 1880 година, која не престана со работа ниту за време на опсадата на Сараево, околу 150 нејзини сегашни работници ќе останат без работа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Брат си го убил брата си во Кавадарци, па го закопал во дворот !!!

Денеска (06.08.2025), ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo...

Прв ваков случај во Македонија: Регистрација на осуденик во затворот во Струмица.

Во Казнено-поправната установа Затвор Струмица денес се случи редок, но длабоко значаен хуман чин – првпат во историјата на установата беше законски регистрирано осудено...

Дарко Влогс: „Бев жртва на семејно насилство – сопругата ме тепаше во Америка.

Дарко Јефремов, во јавноста попознат како Дарко Влогс – некогаш а богами и сега еден од најследените Македонци на Инстаграм и познат влогер од...

Богојески: Вранишковски да се одлучи – дали е српски или македонски владика!

По повод присуството на т.н. владика Зоран Вранишковски на прославата на Илинден на Мечкин Камен, користејќи возило со српски регистарски таблички, претседателот на Македонски...