3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаНа бројот за итни случаи ќе се воведе и ВИП повик, а...

На бројот за итни случаи ќе се воведе и ВИП повик, а обичните смртници ќе чекаат, коментира Методијев

spot_img

Поранешниот новинар, Александар Методијев на социјалните мрежи реагираше во врска со новата линија за итни случаи 112. Тој вели дека повиците без СИМ картичка ќе бидат блокирани, а ќе биде воведена и опција ВИП повик, наменета само за битни личности.

„Во Македонија конечно ја пуштиле во употреба линијата 112 за итни случаи.

Прво, размислуваат да ги блокираат повиците без СИМ-картичка. Веројатно секој барем еднаш видел на телефонот, поради немање мрежа или лош контакт на картичката, дека може да го користи само за ѕвонење на бројот за итни случаи. Замислете некој повреден планинар да се обидува да побара помош, ама да не може, оти некој решил дека таа опција треба да се блокира, за да се намалеле злоупотребите.

Второ, вовеле опција ВИП-повик. Ќе правеле листа на битни личности, како премиер, министри, амбасадори, за да можеле да имаат предност пред сите останати. Другите, обични смртници ќе чекале, оти тој број ќе излегувал пред нивните. Знаејќи колку министри, и заменици, и шефови на кабинети, и секретарки, и спонзоруши, и мој до мојега, и „знаеш ли кој сум ја“ има во Македонијана сигурно таа листа нема да е воопшто мала“, пишиува Методијев.
skppje1

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...