11.5 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаЗабаваДа се наежи човек- Момчето со ангелски глас Васил Ангелов сними кавер...

Да се наежи човек- Момчето со ангелски глас Васил Ангелов сними кавер верзија за песната “За Љиљану” од Тома Здравковиќ.

spot_imgspot_img

Песната „За Љиљану“ е посветена на позната српска актерка, а менаџерот Дрда не постоел во реалноста но го носи името на познат српски боем што му помогнал на Бјелогрлиќ во реализацијата на „Монтевидео“.

Никој не остана рамнодушен на сцената во која Тома ја пее познатата песна „За Љиљану“ и којашто тој, во филмот, ја посвети на сопругата на неговиот лекар Хаџипоповиќ.

Лилјана во филмот боледуваше од рак и Тома ѝ ја посвети песната што ќе живее подолго од неа..

Тоа дефинитивно беше најтажната сцена од филмот, но, факт е дека тоа никогаш не се случило……

Песната „За Љиљану“ во реалноста е посветена на актерката Лилјана Благојевиќ, а како што откри неговата поранешна сопруга Гордана, Тома воопшто не го напишал текстот туку само ја компонирал музиката.

Ни како и да е оваа песна повторно заживеа и стана голем музички хит.
Во продолжение погледнете како изгледа кога песната “Za Liljanu” е испеана од вистински професионалец, или како што многумина милуваат да го кажат момчето со aнгелски глас Васил Ангелов.

Песна која што повторно ги освои срцата кај сите нас по издавање на филмот “Тома”. Се надевам дека мојата изведба на песната ќе ви се допадне- Посебна чест имам што сум заедно со мојот татко во видеото, Здравко Ангелов- Напиша на социјалните мрежи Васил.

Уживајте:


Васил Ангелов е ученик во четврта година во средното музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“-Скопје во класата на проф. м-р Александра Коцевска.Потекнува од музичко семејство кое го подржува во неговите одлуки. Тој е тинејџер со широки визии за иднината и има целосна посветеност на остварување на неговиот сон. Тој за себе вели дека е подготвен за секакви предизвици и не се сомнева дека ќе го достигне врвот. Се пронаоѓа во поп музиката најмногу, но сака да вметнува и џез елементи во неговото музицирање. Свири на повеќе инструменти како што се гитара, пијано, ударни инструменти и бас гитара. Смета дека со многу работа успехот е неизбежен.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...