16.9 C
Ohrid
недела, септември 14, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицаецот Али од Тетово после работа има несекојдневно хоби: Старите апарати за...

Полицаецот Али од Тетово после работа има несекојдневно хоби: Старите апарати за кујна и бања кои ги фрламе тој ги оживува, и од нив прави иновација.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По професија е полицаец во тетовската полиција 19 години, но хоби му се иновациите, особено електричните и електронските.

<

Старите апарати за кујна и бања кои ги фрламе, за Али Касами се репроматеријални. Главно користи електрични мотори за поголеми машини, но и други електронски делови.

„Направив некои иновации, машини за мешање ајвар кои порано се правеа рачно, а сега со струја. Направив мешалка со струја, затоа што порано се мешало рачно а сега со струја, работам и на тродимензионалното лого што го немаме овде и направив машина за печење костени, рече Али Касами иноватор

Не добива помош од државата, додека се случува да издвојува и пари од платата за работата што ја работи. Тој бара државата да се доближи до овие луѓе кои се занимаваат со иновации за ширење на нивното знаење до учениците. Не се ни трудам да ги патентирам сопствените производи, вели Али, бидејќи цената на патентирањето е исклучително висока.

„Сум заинтересиран да патентирам производи, но тоа е скапо и не можам да го постигнам тоа, бидејќи државата како држава мора да им понуди на овие луѓе а да има корист и државата и сите“, Али Касами, Иноватор

Следен проект на Али е производство на електрична енергија од обновливи извори, преку електромагнети, што би ги намалило трошоците во секое домаќинство. Но, овој проект вели Али оди многу бавно, бидејќи работите што се потребни се скапи, но и тешко достапни.

„Нешто што ќе ја комбинира електрониката за да создаде слободна енергија, иако е малку проблем да се прекршат законите на физиката, но со помош на електромагнетот и нешто слично планирам да го направам тоа“, Али Касами, иноватор. /Алсат.мк

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...

Перчо Божиноски носител на листата на ВМРО ДПМНЕ за Советот на Општина Охрид

Перчо Божиноски ( актуелен Претседател на Советот на Општина Охрид ) ќе ја предводи листата за Совет на ВМРО ДПМНЕ на Локалните избори годинава...

Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга

Во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица...

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...