2.9 C
Ohrid
петок, април 11, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Ова градоначалнициве од ВМРО само бараат пари а ништо не работат.

Ковачевски: Ова градоначалнициве од ВМРО само бараат пари а ништо не работат.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ништо не сработиле во првите 100 дена од мандатот. Toj одговарајќи на новинарско прашање како ќе го оцени вчерашниот отчет на Христијан Мицкоски за 100 дена на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека тие само барале помош, а ништо не работеле за граѓаните.

<

„Ништо не се прави во општините. Јас живеам во Скопје и гледам дека она што се ветуваше во кампањата воопшто не се реализира. Единствено што гледаме се барања за помош, меѓутоа од другата страна не постои никаква иницијатива градоначалниците да се вклучат во справување со економската и енергетската криза. Мора да сфатат дека се власт и буџетите тие ги правеа и знаејќи дека е криза. Но и покрај тоа во нив не предвидоа никакви програми за справување со кризата. Дополнително, барањата за помош доаѓаат од партија која наместо да помага на граѓаните цел ден снима скапи видеа за проекти кои се почнати од градоначалниците на СДСМ или воопшто не постојат“, рече Ковачевски кој беше на закројување лозје во винаријата Гоце Делчев, во близина на Росоман, по повод празникот Свети Трифун.

ВМРО-ДПМНЕ вчера одржа отчет за сработеното на градоначалниците во првите 100 дена во салата на Филхармонија, на кој говор држеше лидерот Христијан Мицкоски. Настанот се одржуваше во моментите кога во речиси цело Скопје снема струја поради испад на далекувод на МЕПСО поради голем пожар. Од ВМРО-ДПМНЕ испратија соопштение во кое обвинија дека власта намерно ја исклучила струјата во моментите кога говорел Мицкоски.

„Токму во моментите кога лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даваше отчет за сработеното во првите сто дена снема струја во објектот на Македонска Филхармонија. Мицкоски продолжи со отчетот и во услови на немање на струја со својот говор. Власта на СДСМ ДУИ дoлжи одговори и одговорност зошто снема струја? “, стои во партиското соопштение.

Мицкоски рече дека неговите градоначалници за 100 дена реализирале 1099 проекти, од кои 166 капитални објекти, 33 градинки, 68 училишта и се граделе и реконструирале 206 улици и патишта, 96 игралишта, 111 водоводи и канализации и исчистиле 200 диви депонии.

А. АНТЕВСКА Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Заменик-министерот Ристески: Точно е дека ме касна куче, ама не зедов финансиска оштета.

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, потврди дека бил каснат од куче, но дека не земал отштета од 100.000 денари. Ристески инаку е поранешен градоначалник на...

Александар Глигоровски е 61-та жртва во дискотеката Пулс

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драгана Анастасов, се огласи на социјалните мрежи. Тој изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на Александар. Изразуваме длабоко сочувство до семејството...

Инцидент во Ѓорче Петров: Додека граделе нова го урнале ѕидот на соседната зграда

Додека градат нова зграда, пробиле ѕид на соседната. Хаварија при градежни активности ги вознемири жителите на станбениот блок на ул. Партизански одреди во Ѓорче...

Полицијата во Кондово пронајде пиштол !!

Претрес во Кондово, пронајден пиштол, лишено од слобода едно лице На 10.04.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ф.(35) од с.Кондово, скопско....