Заедно со дел од советниците од Советот на Општина Охрид, градоначалникот Пецаков во посета на компанијата „КОСТАЛ“
Генералниот директор на „КОСТАЛ“, Виктор Мизо не запозна со историјата на компанијата, финансиското работење и со производите што се произведуваат во компанијата во Охрид.
После презентацијата извршивме обиколка низ производствените линии каде одблиску се запознавме со начинот и динамиката на производствените капацитети на компанијата.
Заедно заклучевиме дека меѓусебната соработка е од големо значење.
Напиша на Фб градоначалникот Пецаков