0.9 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаБугарскиот Кнез Фердинанд,1896 год: Во Македонија зборуваат јазик подеднакво далечен од бугарскиот...

Бугарскиот Кнез Фердинанд,1896 год: Во Македонија зборуваат јазик подеднакво далечен од бугарскиот и српскиот, кој е посебен јазик!

Подготвил: Дарко ЈАНЕВСКИ за Денешен Весник.

Во 1896 година, по меѓународното признавање на Фердинанд за кнез на Бугарија (Фердинанд Саксобурготски, кнез на Бугарија 1887-1908 и цар на Бугарија 1908-1918), тој заминал на широка турнеја низ Европа.

Турнејата ја започнал од Цариград, каде се сретнал со официјални османски лица и претставници на дипломатскиот кор.

На 6 април 1896 г. се сретнал и со српскиот дипломатски претставник Владан Ѓоргевиќ. Притоа, Фердинанд ја истакнал потребата од бугарска-српска соработка и поблиски односи, за што главна пречка биле спротивставеностите околу Македонија Во разговорот, Фердинанд потенцирал дека додека двете земји се „расправаат за раженот, зајакот е се уште во шума“.

При тоа, Фердинанд истакнал:

„Во Македонија, главната маса од населението ниту се Бугари, ниту Срби, туку Словени и христијани, кои зборуваат јазик подеднакво далечен или ако сакате подеднакво близок на српскиот и на бугарскиот јазик, но, јазик, кој е посебен дијалект, ако не и посебен јазик. Наместо да се караме околу тоа, дали тој е дијалект на српскиот или бугарскиот јазик, ние треба заеднички да работиме и тоа овде кај нашиот заеднички „татко“, кај Султанот, за да им даде на своите верни поданици во Македонија такви реформи кои ќе им осигураат човечки живот и културен развиток… Ако тоа се реши, културата на Македонците ќе го реши прашањето кое што никоја сила не може да го реши, па дури ако Србите и Бугарите поради тоа ја фрлаат на коцка својата државна егзистенција“.

Државен архив на Репубилка Македонија (ДАРМ), ф. Политичко Одделени (ПО), мф. 446, Пов. Но. 228, Цариград, 26. ИИИ 1896.)

Инаку, Фердинанд Први Саксоборгутски (1861-1948) е германски принц, син на австрискииот генерал кнез Август и кнегињата Клементина (ќерка на францускиот крал Луј Филип). Во 1887 е избран за кнез на Бугарија, меѓутоа не бил признат од страна на Русија и другите големи сили. По промената на Трновската конституција во 1893 се создале услови кнезот да склучи брак со Марија Луиза Бурбон-Пармска.

Во 1896 по преминот на престонаследникот Борис во православна вера, Фердинанд бил признаен од Русија, а потоа и од останатите големи сили. Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, ја зацврстил сопствената власт и наложил т.н. личен режим. Во 1908 година се прогласил за цар на Бугарија, која истовремено прогласила независност. Со својата политика е одговорен за Втората балканска (меѓусојузничка) војна, кога Бугарија ја доживела првата национална катастрофа. Под негово влијание Бугарија се присоединила кон Тројниот сојуз за време на Првата светска војна, кога ја доживеала втората национална катастрофа. Поради тоа во 1918 година абдицирал во корист на престолонаследникот Борис. По напуштањето на Бугарија се вратил на својот имот во Кобург – Германија каде и умрел.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...