3.2 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаБислимовски има решение: Граѓаните сами да си го прочитаат броилото за струја,...

Бислимовски има решение: Граѓаните сами да си го прочитаат броилото за струја, и состојбата да ја пријават во ЕВН.

spot_img

Собраниската Комисија за економски прашања трет ден го разгледува Предлог финасискиот план на РКЕ.

„Сите апокалиптични сценарија и најави дека цената на електрична енергија за домаќинставата ќе се зголеми до 50 проценти или ќе има рестрикции не се остварија. Цената се корегираше за 9,48 проценти, а рестрикции нема“, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на собраниската Комисија за економски прашања на која трет ден се разгледува Предлог финасискиот план на РКЕ за 2022 година.

Бислимовски информираше дека во изминатиот период РКЕ посредуваше во решавање на проблемите на граѓаните кои пријавиле дека добиле несоодветни високи сметки за електрична енергија.

„Станува збор за несоодветно отчитување. Затоа самите граѓани можат да превенираат и да си го отчитаат броилото и состојбата да ја пријават. ЕВН Хоме е должен да фактурира по состојбата што граѓаните ја пријавиле со самоотчитување“, рече Бислимоски.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во дебататата за енергетската состојба и предлог финасискиот план обвинија дека членовите не ги задоволуваат критериумите при нивното бирање и со тоа е доведена во прашање нивната независност.

Бислимоски посочи дека РКЕ во последните три години е оценета за број еден регулатор од страна на Енергетската заедница. Во извештаите, како што рече, е оценета дека го има потврдено кредибилитетот и независноста со тоа што РКЕ има покажано највисока експертиза, стандарди, посветеност и способност да се спротистави на потенцијалните влијанија врз независноста.

„Во извештајот на ЕК се констатирани политички влијанија, но точно се знае кој ја кочи работата и сака да влијае како што го кочите финасискиот извештај сега. Нема да најдете регулатор во ЕУ каде четири месеци се потребни да се усвои финасиски извештај. И секако овие ваши изјави дека ќе ги разрешите членовите во РКЕ откако ќе дојдете на власт – во Европската комисија го констатираат како притисок врз независноста“, посочи Бислимоски.
Тв:Нова

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...