По објавувањето на веста која ја објави Батали.нет, а која е пренесена од билтенот на СВР Велес, дека во полиција е пријавено ново сквернавење на гроб на гробиштата на црквата Св. Спас, реагираат од ЈКП Дервен. Оттаму велат дека овој случај не е нов, туку дека сопствениците на гробното место сега го забележале и пријавиле во полиција.
“Случајот не е нов, настанот се случил пред околу еден месец кога имаше пријавено дека на неколку гробни места непознати сторители ја раскопале земјата. За случајот објавен денеска на порталот Батали.нет, сопствениците на гробните места забележале месец дена откако се случил настанот и пријавиле во полиција. Во меѓувреме засилена е контролата на гробиштата од страна на чуварската служба на ЈКП Дервен и полицијата”, се вели во демантот од ЈКП Дервен.