-4.1 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаЗабаваЗИМА ВО ПРИЛЕПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА- Мечакот Рампо не го фајча зимски сон

ЗИМА ВО ПРИЛЕПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА- Мечакот Рампо не го фајча зимски сон

ЗИМА ВО ПРИЛЕПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА

Прилеп, јануари

Кога падна првиот снег, првпат зимава ја посетивме Зоолошката градина. Таа е на периферијата на Прилеп, сред убава месност, полна со дрвја. Беше сончев ден, но сепак студен, вистинско зимско пладне. Нè поканија во една од собите на малата зграда.

– Стигнавте не време – ми рекоа. Потоа веднаш нè поканија да ја разгледаме градината.

Првиот затворен жител во железните кафези на ова место што го забележавме беше големата боа, долга 2,10 метра. Просторијата во која беше сместена се затоплуваше. Живата во термометарот покажуваше околу 20 степени. Кога се загледавме во кафезот, боата веќе го стегаше малото зајаче што ѝ беше фрлено за храна и кое штотуку беше задушено.

– Двапати месечно фрламе по еден зајак – ни рече управителот на градината. – Чуварот Стојан Малевски за малку што не пострада кога еднаш ѝ ја сменуваше водата. Ќе го фатеше за рака.

МЕЧКА ШТО НЕ ЈА ФАЌА ЗИМСКИ СОН

Мечката, што исто така е затворена овде, го носи името „Рампо“. Но, пред тоа го посетивме кафезот со мајмуни. И тие си имаат имиња: Авра, Ана, Зоре. Затворени се во затоплена куќичка за да презимат на спокојство. Веднаш до нив е кафезот на големиот лав. Кога на 1 мај минатата година беше донесен во Прилеп, градината се полнеше со денови од љубопитни граѓани, а особено деца. Кафезот со волците исто така е наблизу. Чуварот Мице Цекоски ги одгледува уште од мали и сега толку се спријателил со нив што без страв влегува во нивните кафези.

Мечката „Рампо“ се опира на зимскиот сон, како да не сака да ги преспие овие три зимски месеци, не се прибира во леговиштето, често застанува на задните нозе и ја провира муцката низ железните решетки.

На 4 јануари во градината пристигна и неочекуван гостин од Советскиот Сојуз. Селанецот Дуко Кузманоски, од Загорани, ранил во крилото необичен гавран. Сосема се разликувал од овдешниве, а освен тоа на ногата имал и прстен врз кој, покрај бројот, било изгравирано и тоа дека е пуштен во Москва. Сега оваа птица се чува во одделен кафез и ѝ се обрнува особено внимание.

ПОСЕТИ КАКО НА ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР

Иницијатор за отворање на Прилепската зоолошка градина е Коце Јованоски, кој тогаш беше претседател на Народниот одбор во 1953 година. Градината располагаше само со едно волче, лисици, неколку гулаби и кокошки. Но, сега е сосема поинаку.

Минатата година отпочнаа да пристигаат и африкански животни и интересот на граѓанството кон градината стануваше сè пожив. Сега посетителите се сè помногубројни, така што при убаво време луѓето доаѓаат овде исто онака, како што одат на фудбалски натпревари.

– За средување на градината – уредување на кругот, за нови кафези и други животни,потребни ни се средства што ги бараме од општината – ни рече уптавителот. – Досега сме направиле многу со минимални средства, и бидејќи местото е најпогодно за ваква цел, ќе треба да постигнеме уште многу. Но, тоа ќе зависи од средствата. Егзотичните животни чинат многу и затоа сме принудени такви да бараме со замена. Поврзани сме со сите зоолошки градини во земјата, а освен тоа испративме писма и до некои зоолошки градини во Австрија и Западна и Источна Германија. Ние ќе ловиме орли, диви свињи и ќе ги заменуваме со животни што ги нема во овој крај.

П. Поповски.

Архива на „Нова Македонија, јануари, 1958 година

Превземено од http://www.oldprilep.com/zima-vo-prilepskata-zooloska/

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...