12.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаАвстралијаУапсен македонскиот Пабло Ескобар во Австралија

Уапсен македонскиот Пабло Ескобар во Австралија

spot_imgspot_img

Берберот. Боксерот. Бизнисменот… Ова се само некои од професионалците за кои австралиската полиција тврди дека се дел од голема криминална мрежа за илегаална продажба, дел од интерконтинентална мрежа поврзана со САД и Колумбија.

Минатиот викенд австралиската полиција спроведе голема операција „Сигнал“ во која се фатени голем број на криминалци како дел од оваа трансконтинентална мрежа за шверц со дрога. Различните професии и земји од каде што потекнуваат ја покажуваат широчината и обемот на оваа осомничена банда.

Целата акција почнала во САД и полициските рации во оваа земја покажале дека се работи за луѓе кои се занимаваат со шверц на дрога и оружје и заработуваат милионски суми.

Неколкумина од уапсените и обвинетите веќе се појавија на суд. Еден од нив беше и Славко Алексиќ.

Во судот обвиненијата се однесуваат на нелегално поседување забранета дрога, поседување на нелиценцирано огнено оружје, незаконски стекнат имот, загрозување на живот, здравје или безбедноста на поединци… Можните казни за оваа банда се од парични казни до доживотен затвор.

Полицијата верува дека водач на оваа група бил 23-годишен државјанин на Австралија, кој пред неколку месеци ја напуштил оваа земја.

Следната недела во судот треба да се појави и Кристофер Одеро Очиенг Бонди, сопственик на ноќен клуб. Тој е обвинет за поседување оружје и перење пари.

Тука е и берберот Армин Ебрахими Далеку, Дилан Купер, сопственик на модна куќа, Травис Хартзер, локален фудбалер, Јане Симоноски, сопственик на сала за џакузи, опишан како „македонски Пабло Ескобар”, обвинет за перење пари.

Западноавстралиската полиција открива дека педесетина други луѓе локално биле поврзани со работата на оваа група обвинета за повеќе од 130 прекршоци.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...