16.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаАвстралијаМакедониците низ светотФУЕН бара културна автономија на Македонците во Албанија

ФУЕН бара културна автономија на Македонците во Албанија

spot_imgspot_img
Федералната унија на европските националности (ФУЕН) на својата веб страница денеска ја објави Резолуцијата со која се бара културна и образовна автономија за македонското малцинство во Албанија.
Во исто време ФУЕН соопшти дека документот е доставен до Владата на Република Албанија, шефот на државата, Парламентот и меѓународните институции.
Резолуцијата по предлог на македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана беше едногласно усвоена на 64. Конгрес во Братислава, Република Словачка во средината на минатиот месец.
„Ова е навистина добра вест за нас, бидејќи со текстот на Резолуцијата сега се дава можност да се запознаат многу народи во светот. Документот содржи три точки во кои бараме  од албанската влада  културна и образовна автономија за жителите на регионите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора со цел да се зачува македонската култура во овие региони населени со македонско население“, изјави за МИА претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.
Од име на Друштвото и припадниците на македонското малцинство, ФУЕН апелира до Владата во Тирана да отвори катедри за македонски јазик на државниот универзитет во Тирана и на државниот универзитет „Фан Ноли” во Корча.
„Исто така ја повикува Владата да обезбеди пропорционална застапеност на Македонците во државните институции, органите на локалната самоуправа и локалната администрација каде што живее значителен број Македонци, како и претставик на македонското национално малцинство во Управниот одбор на албанската државна радиотелевизија“, рече Ѓурѓај.
За Рзолуцијата гласаа сите 150 делегати, претставници на 103 организации од 35 земји во Европа.
Македонско друштво „Илинден” е рамноправен член на ФУЕН од средината на мај 2015 година со што  стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава во Европа кое е рамноправен член, со право на глас.
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Неофицијално: Починатата девојка во Штип е ќерка на жената која лани уби човек во Кавадарци

Сеуште нема официјални информации за обдукцијата на 26-годишната девојка од Кавадараци, чие тело вчера беше пронајдено во куќа во близина на Градската црква...

По еден час се чека за влез во Грција од Македонија преку граничниот премин Богородица

По еден час се чека за влез во Грција од Македонија преку граничниот премин Богородица. Од АМСМ велат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци...

Мицкоски: Победата е на дофат, да излеземе масовно на избори, заедно да победиме за промени и да го испишеме следното поглавје од приказната за...

Ги слушнавме вашите гласови како одекнуваат низ улиците, одѕвонуваат од желбата за промена и обнова. И денес стојам пред вас, длабоко благодарен од вашата...

Мајката на младата Македонка која доживеа мозочен удар со порака која го кине срцето

Двесет и четири годишната Елена Маџова од Свети Николе лекувањето го продолжи во Турција, откако хуманите граѓани на нејзиниот роден град организираа низа на...