5.9 C
Ohrid
среда, декември 4, 2024
ПочетнаМакедонијаСлавјанка: Северна Македонија е безбедна, граѓаните не треба да бидат загрижени!

Славјанка: Северна Македонија е безбедна, граѓаните не треба да бидат загрижени!

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во изминатите два дена во Брисел за првпат учествуваше на министерски состанок за одбрана на НАТО, што беше во најголем дел посветен на тензиите со Русија и безбедносните ризици за Европа. Таа во интервју за МИА повтори дека заедничката порака во НАТО е порака на деескалација и дека од Москва се очекуваат конкретни сигнали во таа насока. И покрај безбедносните тензии на континентот, Петровска уверува дека нема простор за страв и дека Македонија е безбедна.

– Она што е многу важно во вакви ситуации кога интересот, се разбира, е многу оправдан за случувањата во и околу Украина, многу е битно политичките пораки кога ќе бидат испратени да бидат пораки на смирување пред сѐ, но исто така и пораки кои ќе упатуваат на деескалација на состојбите. Тоа е клучната и прва порака околу која практично сите се обединивме и се согласивме дека тоа е многу потребно. Се разбира дека НАТО како политичко-воен сојуз, освен пораките на одвраќање и одбрана на сопствената територија, мора да ги испрати овие пораки за да се даде шанса, односно се оди кон дипломатско решавање на кризата. И во таа насока генерално се одвиваа и дискусиите на состанокот и се разбира и финалната порака ја пративме во таа насока – вели Петровска.

Таа нагласи дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна.

– Безбедносната состојба во Република Северна Македонија е стабилна и тоа е нешто што го потврдуваат институциите што се задолжени за внатрешната безбедност. Се разбира дека сите надворешни влијанија, без оглед дали станува збор за руско-украинската или други влијанија генерално во светот, службите во рамките на своите надлежности ги следат. Впрочем раното предупредување е дел од нивните задачи во координација со сите служби и сите институции кои се задолжени за безбедноста на државата се носат соодветни одлуки. Во овој момент она што е став е дека нема потреба од загриженост и дека состојбата е стабилна и безбедна – посочи министерката.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сам против сите: Охриѓанецот Давид Крстески највисоко на пиедесталот на Европскиот Таеквон-до ИТФ куп во Софија

Сам против сите: Охриѓанецот Давид Крстески највисоко на пиедесталот на Европскиот Таеквон-до ИТФ куп во Софија Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација под водство на претседтаелот Марјанчо...

Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември, граѓаните да ги заменат навреме

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во...

Пецаков: Лицата со посебни потреби и нивните семејства ја заслужуваат нашата постојана поддршка и внимание

Лицата со посебни потреби, нивните семејства и сите кои неуморно работат за нивна поддршка и вклученост, ја заслужуваат нашата постојана поддршка и внимание, секој...

Ученици сами си поправале оценки во електронски дневник”

Упад во системот на електронскиот дневник, кој се случил викендов, беше причина надлежните во Министерството за образование и наука (МОН) да побараат сите корисници...