-0.1 C
Ohrid
четврток, декември 19, 2024
ПочетнаМакедонијаНА ДЕДО ЉУБЕ НЕМА ДА МУ СЕ СУДИ ЗА УБИСТВО, ЗАШТО ВО...

НА ДЕДО ЉУБЕ НЕМА ДА МУ СЕ СУДИ ЗА УБИСТВО, ЗАШТО ВО САМООДБРАНА ГИ ЗАСТРЕЛАЛ ДВАЈЦАТА РАЗБОЈНИЦИ

spot_img

Љубомир Митев (79) од кратовското село Којково, кој пред шест години смртно застрела двајца разбојници кои беа провалиле во неговиот дом и го малтретирале него и сопругата, нема да одговара за кривично дело убиство, одлучи Основното обвинителство Куманово. Митев едниот од разбојниците го усмрти, а другиот го рани, кога тие упаднале во неговата куќа за да го ограбат.

ОЈО Kуманово го повлече обвинението за кривично дело „убиство во миг“, па во Основниот суд Куманово ќе му се суди само за кривичните дела обид за убиство и недозволено држење на оружје.

„По шест години, ова е голема правна победа на одбраната. Ќе имаме полесна битка во иднина, речиси се преполови обвинението во делот на товарот на докажувањето. Наредното рочиште е закажано во септември, кога ќе продолжиме со доказните средства и предлозите на одбраната, и се надеваме дека ќе ја докажеме тезата на одбраната: дека дедо Љубе постапувал целосно во услови на нужна одбрана, како што докажавме и за овој дел од обвинението, за да дедо Љубе во мир и спокојство си ги поминува годините од староста“, изјави адвокатот Христијан Георгиевски од Куманово.

Разбојништвото се случи на 27 февруари 2013 во нивната трошна куќа во планинското село Којково, кога двајцата натрапници Зоран Златков (28) и го ранил Борчо Иванов (30), насилно влегле во нивниот дом и почнале да се изживуваат. На дедо Љубе му ставиле најлон во уста го турнале на земја и го тепале, а потоа го врзале со јаже за столче, додека неподвижната сопруга ја покриле со ќебе и ја малтретирале. Потоа отишле во другата соба да ги бараат парите, тој го искористил нивното невнимание и се одврзал. Заминал во подрумот и ја земал ловечката пушка од која пукал, при што е убиен Златков, а ранет Иванов.

Љубе денеска дојде во Куманово, како и на претходните 30-ина сослушувања за сите овие шест изминати години. Видно остарен, вели дека е добро што нема да му се суди за убиство, а се надева дека нема да биде осуден и за другите дела, бидејќи тој не ги направил делата затоа што сака, туку затоа што се нашол во безизлезна ситуација.

„Оружјето и муницијата што ми ги најдоа се многу стари. Ги чував во подрумот на старата куќа, останале од мојот дедо и татко. Нашите комити и војводи изгинале поради недостиг на оружје, па затоа нашите дедовци собирале сè што нашле. Србите и Бугарите над нашата планина се тепале и тоа што оставиле, луѓето збирале, исправно-неисправно, не гледале. Тоа со години стои во подрумот на куќата, никој не го чепкаше и сега јас треба да плаќам или да легам затвор за старото оружје. Да сум купил ново оружје од Скопје или големите градови и да немам дозвола, тогаш да ме казнат“, вели Љубе.

Во село Којково и во планината каде што живее, раскажува тој, никогаш порано немале проблеми, бидејќи луѓето таму се питоми и никој не посегал по оружје. Но, новите времиња и масовната појава на арамии и криминалци кои сакаат лесно да дојдат до пари, не го одминале ни нивниот крај.

„Благодарен сум за одлуката. Ако судството иде по правилата и прописите јас се чувствувам исправен, ако се па за криминалците и ајдуците тогаш може за мене ќе има казна. Мене многу ми е жал и за убиениот и за ранетиот, ама што да правам, тогаш ми ја извади раката од рамото, ме мачеа и јас морав да се бранам. Мене во селото ме знаат како најмирен и најпоштен човек, секој ми е мил, секој ми е драг. Многу сум помагал каде сум можел“, вели обвинетиот Митев.

По нападот нему му почина сопругата и остана сам. Му се наруши здравјето, едната рака воопшто нема функција. Но, Митев вели дека живее добро, пред сè домаќински. Чува две кози, магаре и куче. Има само двајца соседи кои живеат на 15 минути оддалеченост од него и вели дека меѓусебно се помагаат.

„Живеам кралевски, во недопрена природа кон Пониква. Малку ми фали друштво, гладен и жеден сум муабет и разговор со некој да направам, за јадење и пиење не сум гладен, друго ништо не ми фали. Летоски има повеќе луѓе, ама зиме е потешко сите се на работа во Злетово и Пробиштип“, ни кажа Љубе.

Тој работел како рудар во рудникот Добрево и таму заработил пензија.

Судењето на Љубе се развлече, бидејќи во април 2015 по барање на неговите адвокати, поради одредени пропусти обвинението беше укинато и предметот се врати во истражна постапка. Тој беше обвинет за три кривични дела: убиство во миг, убиство во обид и недозволено поседување на оружје, затоа што го убил Златков и го ранил Иванов, откако неколку часа го измачувале и се заканиле дека ќе ги убијат него и неговата неподвижна сопруга ако не им ги даде парите.

Разбојникот Иванов кој преживеа е осуден на 8 години затвор.

С. НИКОЛИЌ

САКАМДАКАЖАМ.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРУБИ БИЛ ЗАВЕДЕН КАКО ПЕШАК НА „БЛАЦЕ“ ОТКАКО ПОЛИЦАЈЦИТЕ НЕ ПРОВЕРИЛЕ ВО СИСТЕМОТ ДЕКА ТРЕБА ДА ГО ЗАДРЖАТ

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди покрена постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина против полицајците од граничниот...

Илире Даути повторно го блокира Законот за бранители

Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути денеска повторно ја прекина седницата откако пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ побара како...

На денешен ден во Небрегово пред 103 г. е роден Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски дејци, писател, поет и научник

На денешен ден, пред 103 години во прилепското село Небрегово, е роден академик Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет...

Казни за Детска клиника и за директорот Мемеди бидејќи не образложиле зошто е одбиен прием на седуммесечното бебе кое почина

Казна за Детската клиника и директорот Реџеп Мемеди, поради тоа што не издале писмено образложение зошто е одбиено седуммесечното бебе кое почина на 15....