22.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаСветЗеленски: Заедно го победивме Хитлер, а ќе го победиме и Путин, па...

Зеленски: Заедно го победивме Хитлер, а ќе го победиме и Путин, па затоа ги повикам граѓаните на светот да се приклучат во борбата !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика луѓето ширум светот да се приклучат во борбата против Русија.

<

Во изјавата во неделата, тој ја обвини руската армија за убиства на цивили и ги пофали Украинците што имаат храброст да се бранат.„Украинците покажаа храброст да ја одбранат својата татковина и да ја спасат Европа и нејзините вредности од руски напад. Ова не е само руска инвазија на Украина. Ова е почеток на војна против Европа, против европските структури, против демократијата, против основните човекови права, против глобалниот поредок на правото, правилата и мирниот соживот“, рече Зеленски.

Обраќајќи им се на „сите граѓани на светот, пријателите на Украина, мирот и демократијата“, Зеленски рече: „Секој што сака да се приклучи во одбраната на Украина, Европа и светот може да дојде и да се бори рамо до рамо со Украинците против руските воени злосторници.

Во соопштението се додава дека оние кои сакаат да се приклучат треба да го контактираат одбранбеното аташе на Амбасадата на Украина во нивните земји.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба исто така го повтори повикот, твитувајќи во неделата:

„Странците кои се подготвени да ја бранат Украина и светскиот поредок како дел од Меѓународната легија за територијална одбрана на Украина, ве поканувам да контактирате со странските дипломатски претставништва на Украина во вашите соодветни земји. Заедно го победивме Хитлер, а ќе го победиме и Путин“.
Tv21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...