8.8 C
Ohrid
сабота, мај 17, 2025
ПочетнаСветРусија три дена пред нападот во Украина ја купила најголемата рафинерија во...

Русија три дена пред нападот во Украина ја купила најголемата рафинерија во Германија?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На рускиот државен нафтен концерн Росњефт, три дена пред нападот на Украина, му е дозволено преземање голем пакет акции на германската рафинерија ПЦК.

<

Како што јавува Дојче веле на хрватски јазик, тоа го дозволил германскиот Кабинет за картели.

Рафинеријата ПЦК, која се наоѓа во Швет во Бранденбург, е меѓу најголемите во Германија. Таа ги снабдува со бензин, дизел и масло за домаќинство речиси цел Берлин и Бранденбург и покрива вкупно околу 10 отсто од германскиот пазар. Во неа главно се преработува руска нафта. До крајот на минатата година најголеми сопственици на рафинеријата со по 37,5 отсто удел биле британско-холандскиот концерн Шел и руски Росњефт. Остатокот бил поделен на помали акционери.

Кога Шел на почетокот на оваа година ги понудил акциите на продажба, Росњефт, во кој поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е претседател на надзорниот одбор, го искористил правото на прво откупување. Бидејќи рускиот концерн уште претходно откупил поголем дел од акциите на помалите акционери, со тоа би станал речиси исклучив сопственик на рафинеријата со 91,67 отсто учество. Поради обемот на зделката, меѓутоа, претходно било потребно одобрување од Кабинетот за картели.

Дозволата била издадена на 21 февруари. Според портпаролот на Кабинетот, одобрувањето е дадено само три дена пред руските трупи да ја нападнат Украина бидејќи немало приговори во врска со купувањето на акциите, а Кабинетот за картели работи независно од политиката, па и независно од геополитиката.

Кабинетот со седиште во Бон има статус на сојузна служба, но фактички е еден од контролните органи на власта, па многу пази на својата самостојност во одлучувањето.

Меѓутоа, за германската влада таа одлука не можеше да дојде во понезгодно време: во тој момент веќе се подготвуваа санкции против Русија, а сега, откако Русија ја нападна Украина, таа одлука е повеќе од апсурдна.

За тоа, нормално, е свесен и германскиот министер за економија Роберт Хабек од партијата Зелени, па објави дека министерството ќе отвори постапка за проверка на вложувањата. Тука станува збор за законски дозволено проценување на министерството за економија за тоа дали е веројатно дека странско вложување би можело да има негативен ефект врз јавниот ред или безбедноста во Германија.

Таквите проверки не се чести, но ги има. По правило се однесуваат на обиди на странски фирми да ја преземат сопственоста над германски компании кои од кои било причини се сметаат за стратегиски важни. Последниот таков случај е неодамнешниот обид за преземање на Силтроник од тајвански инвеститори. Силтроник е технолошка компанија која произведува силициумски плочки кои се основа за понатамошно производство на микрочипови. Таа зделка пропадна бидејќи министерството за економија го држело предметот „во фиока“ додека не минал рокот за издавање потврда дека нема забелешки.

Инаку Росњефт и во други земји се наоѓа под притисок. Така на пример британската компанија БП, која досега имаше во сопственост 20 отсто од акциите на Росњефт, изјави дека ќе ги продаде. Објаснувањето е руската инвазија на Украина и маките на украинскиот народ. Концернот смета дека поради тој потег ќе мора на крајот на првиот квартал да отпише околу 25 милијарди долари. Росњефт оваа одлука жестоко ја критикуваше тврдејќи дека е резултат на „неверојатен политички притисок“ на кој бил изложен БП. И британските медиуми известија дека потегот на БП следел по притисок од владата.
За повеќе детали,Тука- Мкд.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30 минути.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе...

Тошковски: Ги јакнеме капацитетите за одржлив систем за управување со кризи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, денеска во рамки на работна посета на Охрид, присуствуваа...

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...