31.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаДржавни служби, спалеолози и доброволци веќе осми ден трагаат по Петар

Државни служби, спалеолози и доброволци веќе осми ден трагаат по Петар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Припадници на државните служби, спалеолози и доброволци ја продолжуваат потрагата по десетгодишниот Петар кој исчезна минатиот петок во Врбско, Прилепско.

<

Спалеолозите и денеска се спуштаат во рударското окно длабоко 70 метри, откако спасителната служба „Златоврв” од Велес, како и припадник од Дирекцијата за спасување и заштита (ДЗС), вчера не го пронајдоа момчето при влегување во старите окна на поранешната фабрика „Партизанка” од Прилеп, според последните информации во медиумите. Во јамите на „Партизанка“ претходно никој не влегол во изминатите 40 години.

Според МВР, во потрагата по Петар се вклучени голем број на доброволци и околу сто припадници на државните служби. Од вторникот во потрагата се приклучи и ДЗС со ангажирање на седуммина припадници, од кои четворица се од тимот за брз одговор за спасување од планини од ПОЗС – Битола, еден од тимот за спасување од високи објекти од ПОЗС – Прилеп и двајца вработени од Секторот за оператива и логистика. ДЗС за потребите на потргата обезбеди и АТВ – мотори и специјални возила.

Предвидено е потрагата да продолжи денес и утре по течението на Црна Река.

На Петар му се губи трагата во дворот од куќата во село Врбско, Мариово, каде што неговите родители одгледувале пчели.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишник е еден од осомничените за убиството во Тетово, изведен е пред судија на претходна постапка !!!

Еден од осомничените за убиството што се случи во неделата во Тетово денеска бил изведен пред суд, јавува репортерот на 4news.mk, објави 4NEWS.mk Според нашите...

Лозановска, директорката на гимназијата во Демир Хисар се јави на информативен разговор

Во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат...

Маж од Виница избоден 4 пати со нож пред угостителски објект !

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од Виница, по вербална...

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...