9.9 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаПилотот на владиниот авион: Толку е стар авионот што летањето со него...

Пилотот на владиниот авион: Толку е стар авионот што летањето со него е како со ГОЛФ 3.

Главниот пилот, капетанот на владиниот авион – Емил Георгиев и покрај неговите многу чести отсуства кои му ги наложува пилотската, вклучително и раководната улога во авиослужбата при Владата на РСМ, со задоволство ја прифати мојата или поканата за интервју на Машки магазин и, како вистински професионалец, навремено ги одговори зададените прашања, исцрпно. А, не беше тука, во Македонија. Освен што се поучни за идните, односно пилотите чија цел е капетанскиот чин, одговорите на Е. Г. можат и да ве опуштат во случај да имате фобија од летање со авион, доколку се плашите од турбуленции, громови на пример итн. Во исто време говори за одрекувањето, за уживањето на слободата визави одговорноста, но и за семејството, неговата поддршка. Незаобиколно и за причината, поводот на денешниот муабет – пилотирањето или управувањето на владиниот авион. Но, инспирацијата е непресушен извор, па… Од причина што и моите прашања и неговите одговори се подробни, за воведот се одлучив да биде ваков – нестандарден. Само ќе додадам, некако дава сигурност, а оттаму и желбата за летање со авион се буди повторно сега, кога и пандемијата и војната нѐ „атерира“. И уште нешто. Изминатите 25 години, освен за Владата на РСМ, работел и за Adria Airways и заMAT Macedonian Airlines и за Air Bosna и за Avioimpeks.

Веќе 12 години пилотирате, го управувате владиниот авион. Едновремено работите и како инструктор, вклучувајќи ја и раководната положба, т.е. ја водите авиослужбата во македонската, односно Владата на РСМ. Што сѐ опфаќа Вашата работа? И, секако, можете ли да ни кажете повеќе за владиниот авион? Тој е истовремено претседателски, така? Колкумина збира? Дали е комфорен, луксузен?

Георгиев: Да, мојата професија како пилот во 2010 година ме донесе во СОЗР, сектор за превоз со водухоплови и нивно одржување при Владата на РСМ. Како што наведовте, мојата работа е поделена на неколку делови. Секако, најголема предност има пилотирањето, а во него спаѓа и инструкторството кое е поврзано со летањето. Раководната функција ја обавувам во соработка со моите колеги од авиослужбата. Ние функционираме како едно семејство и секој вработен во авиослужбата е дел од ланецот кој мора да функционира беспрекорно. Едноставно, без никој од нашата служба е невозможно да се одвива глатко, безбедно и професионално. Во нашата професија и работа нема викенд, празник, дел од денот, роденден и слично. Фиксно работно време во светот на авијацијата не постои за ниту еден вработен, особено во ваква служба каде што професионалноста, личната одговорност и пожртвуваноста мора да биде на највисоко ниво. Работата е поврзана со превоз на ВИП личности од највисок ранг во нашата држава. Како раководител на авиослужбата, една од моите должности е, по добивањето на барање за користење на владиниот авион, да ја организирам, координирам подготовката за летот и сѐ што му проследи на дадениот лет во соработка со нашиот оперативен центар. Повторно ќе нагласам дека секој од нас точно си ја знае својата задача во ваков случај.
За повеќе детали,Тука
Извор Фактор

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Митрополит Тимотеј

Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј денеска ја загуби битката за живот и почина во болница. Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј починал денеска на 73-годишна возраст. Тимотеј неколку дена бил...

Граѓани од Скопје бараат од надлежните да ги заштитат од агресивно куче

Во групата на ФБ „ Во одбрана на Буњаковец“ е објавен апек до надлежните за да ги заштитат од агресивно црно куче , кое...

Охриѓанка крадела по бутици во Гостивар

Вчера полицајци од Гостивар ја лишиле од слобода Џ.Д. (44) од Охрид, којa била пријавена од вработена во продажен објект дека извршила кражба во...

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...