10.9 C
Ohrid
сабота, април 19, 2025
ПочетнаМакедонијаНов ценовен шок: Цената на пченицата порасна над 400 евра за тон...

Нов ценовен шок: Цената на пченицата порасна над 400 евра за тон !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Светскиот пазар претрпува големи промени, а европските земји се загрижени поради отежнатото снабдување со житни култури и вртоглавиот раст на нивните вредности. Цените на пченицата, пченката и јачменот растат од ден на ден, а сѐ повеќе земји носат рестрикции кога станува збор за извозот на жито и храна. Причина за тоа е стравот од недостиг поради војната во Украина.

<

Европската пченица во петокот го заврши тргувањето по цена од 393,75 евра за тон, додека новата реколта во 2022 година се тргуваше за 316,25 евра, пишува Агрархеуте.

За само десет дена пченицата поскапе за 100 евра на европскиот пазар на фјучерси. Цените на моменти беа над 400 евра, а во многу региони размената целосно престана.

Цените на пченицата во претпазарната трговија во САД повторно достигнуваат дневни највисоки нивоа, па од 85 дојдоа до 1294 центи за бушел. Ова ќе има големо влијание врз цените и на пченицата и на пченката во Европа и се очекува да надминат над 400 евра. Пченката во петокот заврши со тргување по 350 евра за тон.

Забрани за извоз и складирање залихи

Сè поголем број европски земји го ограничуваат извозот на житарки. Унгарија го забрани извозот, освен за хуманитарната помош. Бугарија ги надополнува своите резерви. Моментално располагаат со околу три милиони тони и планираат да купат уште 1,5 милиони тони пченица, пишува украинскиот АПК-Информ.

Аналитичарите на оваа земјоделска платформа ја проценуваат количината на пченица што сѐ уште не е извезена од Русија и Украина на вкупно 13,4 милиони тони. Транспортот од пристаништата во Црното Море е целосно запрен, а во моментов во нив има 80 странски бродови кои не можат да испловат.

Се предвидува натамошно зголемување на цените

USDA очекува ЕУ да има најниски финални залихи на пченица во последните пет години од 9,9 милиони тони во споредба со 10,9 милиони тони во 2020/21 година и 13,1 милиони тони во 2019/2020.

Аналитичарите затоа сметаат дека нема да има извоз на пченица од Европа. Во исто време, САД имаат најмалку залихи во последните пет години.

И цените на сточниот јачмен достигнуваат нови рекорди. Во петокот во Хамбург се тргуваше по 340 евра, а натамошен раст се очекува оваа недела.

Пролетната сеидба во Украина е ограничена поради конфликтот, недостигот на гориво, семиња, производи за заштита на растенијата и ѓубрива. Локалните метеоролошки служби најавија дека површината на зимските култури (зимска пченица, маслодајна репка) би можела да достигне околу 900.000 хектари или 12 отсто од вкупната обработена површина. Се проценува дека меѓу 90 и 95 отсто од зимските култури би можеле да ја преживеат зимата без сериозни оштетувања, пренесува Агроклуб.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тешка сообраќајна незгода кај Кичево- Три лица се мртви другите патници итно се префрлаат во скопските клиники.

Вечерва на патот Кичево-Гостивар помеѓу Кичево и село Трапчин Дол се случила тешка сообраќајна несреќа во која како што информира портпаролот на СВР Охрид...

Непознати лица ја искршиле камерата на фризерницата на која се снимени цитроенот и кангуто со Палчо

Денеска сопственичката на фризерницата која е на 10 метри од влезот на зградата каде живеела Вања и од која таткото и кумашинот Гоце Трајковски...

На Велики Петок, охридскиот музичар Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха.

На Велики Петок, точно напладне, охридскиот музичар Охриѓанецот Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха“, неговата прва инструментална композиција, посветена на Христовото...

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва Денес, Велики Петок, е еден од најтажните и најсветите денови во христијанската традиција. Тоа е денот...