9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаДиректорката на охридската болница конечно разрешена, на местото нејзино е поставен Доктор...

Директорката на охридската болница конечно разрешена, на местото нејзино е поставен Доктор Горан Балески.

spot_imgspot_img

Познатиот охридски хирург и уролог, доктор Горан Балески е новиот директор на ЈЗУ Општа болница Охрид, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство, д-р Венко Филипче.

– Денеска завршува инспекцијата од Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со третманот на пациентката од околината на Струга. Денеска заврши увидот на лице место, но се анализираат документи од матичниот лекар, од болницата, интервјуата со докторите. Нашите сознанија се дека има одредени пропусти во целокупниот процес, но ќе почекаме тоа да се финализира, за да донесеме официјален став после заклучокот на работата на ДСЗИ, рече Филипче.

Досегашната директорка Славица Малеска Стојадиновиќ беше разрешена по случајот до 66-годишната пациентка од Струга која почина од корона вирус, а не била примена на Инфективното одделение во болницата.

Екс директорката Малеска Стојадиновиќ се огласи со соопштение до медиумите во кое вели дека од нејзина страна била изготвена писмена наредба во која им наредува на раководителот и вработените на инфективното одделение непрекинато да укажуваат здравствена заштита на сите лица кои ќе се обратат за лекарска помош до нив.

-Во врска со објавените наводи во одредени медиуми за непостапување односно непружење здравствена заштита од страна на специјалистите на инфективното одделение од наша страна најостро го осудуваме секое непостапување согласно Законот за здравствена заштита.“ напиша Малеска Стојадиновиќ.

-ЈЗУ „Општа болница“- Охрид и раководниот тим од денот на донесувањето на мерките во врска со состојбата настаната со епидемијата на коронавирусот и препораките на Влада за спречување на ширење на вирусот одржале повеќе состаноци со Комисијата за интрахоспитални инфекции во состав од епидемиолог и д-р.спец. инфектолог по биле донесени повеќе заклучоци и изготвени протоколи за постапување на сите оддели и одделенија во склоп на болницата. Исто така, сите раководители биле задолжени да обезбедат соба за изолација за сместување на лица за кои постои сомнеж дека се заразени со КОВИД-19. Инфективното одделение како одделение кое згрижува пациенти со инфективна патологија, добило протокол за постапување со лица заболени со КОВИД-19 од страна на Министерство за здравство и била обезбедена неопходната опрема за лична заштита на персоналот, се вели во соопштението од охридската општа болница.

Министерот Филипче на прес конференцијата упати благодарност до разрешената директорка Малеска Стојадиновиќ за досегашниот придонес во раководењето на болницата.

Публицитет.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...