12.9 C
Ohrid
вторник, април 15, 2025
ПочетнаМакедонијаВо денешниот грабеж на Уни Банка вмешан бил полицаец и наркобос кој...

Во денешниот грабеж на Уни Банка вмешан бил полицаец и наркобос кој наместо во Шутка бил во неговиот дом.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Две лица, од кои еден полицаец од Сарај, но и неодамна фатен наркобос од Грчец со иницијали С.Б., кој требало да биде во куќен притвор, приведени се во полициска станица во Скопје во врска со денешниот вооружен грабеж во Уни банка во Капиштец, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Ги фатила интервентната полиција на МВР.

<

Додека се во полициска станица, се проверуваат безбедносните камери во банката, за да се потврдат сомневањата дека двете приведени лица имаат врска со грабежот.

Сомневањата произлегле од тоа што при контрола на возилото, во задниот дел биле најдени панцири, ракавици, дуксери со длабоки качулки и други предмети кои асоцирале на опрема за грабеж и насилство.

Но, она што е интересно, е што С. Б. долго време бил недостапен на органите на прогонот, а кога бил фатен, тој од судија од Основниот Кривичен суд, добил само куќен притвор. На барани криминалци со потерница, особено за дела од организиран криминал (шверц на дрога), досега во полициско-обвинителската пракса немало случај да им се дава поблага мерка – куќен притвор, туку право оделе во Шутка.

Грабежот се случи денеска во 12.35 часот. Во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало куршум. Повредени лица нема. МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во врска со приведените наркобос и полицаец кој го возел, МВР нема коментар. Не коментира за за идентитети на приведени лица, оттаму има потврда само дека „има приведено две лица“.

С. К. ДЕЛЕВСКА Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Курти поднесе оставка од функцијата премиер на Косово

Премиерот на Косово, Албин Курти, денес поднесе оставка од функцијата премиер, а својата одлука ја објави преку писмо испратено до Секретаријатот на Собранието на...

Исчезнатото 6-годишното девојче наместо во градски автобус во Куманово, влегло во автобус кој сообраќал до Скопје

Шестгодишното девојче наместо во градски автобус во Куманово, влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, соопшти денеска полицијата соопштувајќи детали за вчерашниот случај, откако...

Стојанче на терен: Отворени шахти во близина на ТЦ Скопјанка

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов од терен уште еднаш упати апел до ЈП Водовод и канализација на Град Скопје за итно преземање на соодветни...

15 годишно момче од Струга фатено како продава хероин.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 15 - годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и...