16.9 C
Ohrid
сабота, септември 13, 2025
ПочетнаМакедонијаФондот за пензиско продава хотел во Битола со почетна цена од 2,75...

Фондот за пензиско продава хотел во Битола со почетна цена од 2,75 милиони евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со дозвола од Владата ќе го продава битолскиот хотел „Борец“, или познат како Хотел Битола, со почетна сума од 2,75 милиони евра на јавно наддавање. Станува збор за вкупна површина од 5401 метри квадратни

<

„Проценетата пазарна вредност на деловниот простор од член 1 од оваа одлука изнесува 167.816.095,00 денари, која вредност претставува вкупна почетна цена за јавното наддавање“, извести Владата.

Останува да се види дали ПИОМ ќе успее да ја инкасира оваа сума ако се знае дека во 2015 и 2016 имаше два неуспешни обиди и тоа првиот по почетна сума од 138 милиони, а една година потоа по 87 милиони денари.

Локалните медиуми изминатиот месец пренесоа дека хотелот со одлука на УО на Фонодот за пензиско и инвалидско осигурување е затворен, а сите кои таму престојувале се иселени од објектот затоа пшто оди на продажба. Исто така и најголмиот број од вработените си заминале досега од ова претпријатие.

Трговското друштво „Борец“ ПИОМ ДОО Битола со години наназад работи со загуби, односно не може да ги подмирува неопходните режиските трошоци, ниту да исплати плати на вработените во друштво, односно хотелот, гласел одговорот од ПИОМ.
За повеќе детали,Тука

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Враќањето на името Македонија тема на дискусија во Собрание, еве што одговори премиерот Мицкоски

На денешната седница бр. 68 на Собранието, пратеникот Скендер Реџепи упати прашање кон премиерот Христијан Мицкоски, објави 4NEWS.mk Реџепи го праша премиерот дали државен интерес...

Комбе со работници излетало на експресниот пат Штип – Радовиш, има загинати и повредени!

Утринава комбе што превезувало работници излетало од мостот на Балатилиска Река на експресниот пат Штип – Радовиш. Според првичните информации, во несреќата има загинати...

Марина од Неготино: Од трактор на село, до шлепер низ Европа

Марина Николова (38) од селото Пепелиште, Неготино, е една од ретките жени во Македонија која управува со шлепер и професионално вози низ Европа. Животот на...

Обвинетиот за Кочани, Шабан Салиу со зурли и тапани ја објави кандидатурата за градоначалник!

Вчера вечер министерот без ресор, Шабан Салиу, кој е обвинет за трагедијата во кочанската дискотека Пулс, ја промовираше својата кандидатура за градоначалник на општина...