19.9 C
Ohrid
четврток, јули 24, 2025
ПочетнаСветАрапите не му креваат телефон на Бајден!

Арапите не му креваат телефон на Бајден!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Белата куќа неуспешно пробала да ги добие на телефон лидерите на Саудиска Арабија и Емиратите, за да поразговараат со Бајден околу проблемот со цените на нафтата.

<

И саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман и шеикот на Емиратите Мухамед бин Зајед изминативе недели одбиваат да се слушнат на телефон со Бајден.

Имаше некои очекувања за телефонски разговор ама тој не се случи. Се работеше за вртење на славината,“ изјавиле американски функционери за Вол стрит журнал.

И пред ова Саудијците „сигнализираа“ дека нивниот однос со Вашингтон е во надолна линија за време на администрацијата на Бајден, и дека тие сакаат поголема поддршка од САД во нивната интервенција во војната во Јемен, помош околу саудиската цивилна нуклеарна програма и правен имунитет за Бин Салман во САД, вклучително и за повеќе тужби околу убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Емиратите се на страната на Саудијците околу загриженост за „воздржаната реакција на САД“ по неодамнешните напади на Хутите од Јемен (поддржани од Иран) против Саудиска Арабија и Емиратите.

Згора на ова двете држави се сериозно загрижени за обновувањето на иранската нуклеарна програма, посебно што сега преговорите со Иран се заглавени од страна на Русија.

Телефонските разговори што ги бара Белата куќа главно нема да се однесуваат на ништо од ова, туку на цената на нафтата од 130 долари за барел, што е највисока во последниве 14 години. Саудиска Арабија и Емиратите се единствените два големи производители на нафта кои можат да почнат да испумпуваат милиони барели нафта, со кои би се стишила паниката на берзите.

Минатиот месец во Ријад пристигнаа двајца американски функционери за безбедност на Блискиот исток и за енергетика, кои се обидоа да ги поправат односите со Саудијците, а потоа координаторот за безбедност имаше состанок и со владетелот на Емиратите.

И покрај ова и двете држави одбија да вадат повеќе нафта, порачувајќи дека ќе се држат до планот за производство одобрен од ОПЕК и Русија.

Додека телефоните им се зафатени за Бајден, минатата недела и двата владетели се слушнаа со Путин, а подоцна и со Зеленски, а бин Салман се споменува како потенцијален медијатор во војната.

Саудиска Арабија и Емиратите имаа далеку подлабоки врски со Трамп, кој застана на нивна страна во судирот со Катар, и ги повлече САД од Иранскиот нуклеарен договор со кој двете држави не се согласуваа, плус го поддржа бин Салман по убиството на Кашоги
.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЦУК: Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години,...

Потрагата по 34-годишната Биљана од Прилеп заврши со среќен крај.

Андоноска заврши среќно – таа е пронајдена жива. “Ви благодарам на секоја помош, Биљана е пронајдена, жива е”, напиша пред малку нејзината сестра на социјалните...

Селото Куратица по 21-ви пат подготвено за дружење со своите блиски роднини и пријатели …

Голем број на иселеници жителите и голем број на пријатели на Куратица повторно ќе имаат можност на блиска средба со своите, во родното огниште....

На 71-годишна возраст почина легендарниот борач Халк Хоган

Халк Хоган, една од најголемите ѕвезди во историјата на професионалниот кеч и човекот кој ја претвори Светската федерација за кеч (World Wrestling Entertainment) во...