12.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаНов закон во Украина – на цивилите им е дозволено да пукаат...

Нов закон во Украина – на цивилите им е дозволено да пукаат во руски војници

На цивилите во Украина им е дозволено да пукаат во војници кои ќе ги препознаат како непријателски сили, според новиот закон кој стапува на сила оваа недела, објавија украинските медиуми.

Според законот, странците и лицата без државјанство кои живеат илегално во земјата, исто така можат да поседуваат оружје и да го користат против руските војници вклучени во нападот на Украина.

Издавањето оружје ќе го регулира МВР. Целото издадено оружје и преостаната муниција ќе треба да се вратат најдоцна 10 дена по укинувањето на вонредната состојба, која е моментално на сила.

Автоматски пушки и муниција веќе беа неселективно издадени во првите денови од војната, особено во Киев. Избувнаа престрелки и беа прекинати дури по воведувањето на строг полициски час.

„Ако некој со оружје во рака нападне руски војник, тој самиот станува цел“, соопшти Кремљ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...